КАКО ТРАМП ЌЕ РЕАГИРА НА РУСКАТА ИНВАЗИЈА АКО ПОБЕДИ: Еве што тврди Орбан

Објавено во: Свет 16 Јули, 2024 15:32
Унгарскиот премиер Виктор Орбан тврди дека доколку Доналд Трамп победи на претстојните претседателски избори, тој брзо ќе побара мировни преговори меѓу Русија и Украина и дека има развиено „добро основани планови“ за тоа.
Оваа изјава на Орбан доаѓа веднаш по средбата со кандидатот за претседател на САД. Унгарскиот премиер додава дека оваа можност би значела ЕУ повторно да ја отвори директната дипломатска комуникација со Русија и да започне преговори на „високо ниво“ со Кина со цел да се најде мирно решение за војната во Украина.
Сето ова доаѓа од писмото што Орбан го испрати до европските лидери по консултациите во Москва и Пекинг. Во писмото, Орбан, исто така, рече дека врз основа на неговите неодамнешни разговори со рускиот претседател Владимир Путин, кинескиот претседател Си Џинпинг и украинскиот претседател Володимир Зеленски, „општите забелешки“ се „дека интензитетот на воениот конфликт радикално ќе ескалира во блиска иднина. Москва во конфликтот многу се потпираше на Пекинг, пишува Financial Times.
Mировните мисии на Орбан
Во последните две недели, Орбан се сретна со Путин, Кси и Трамп, а неговите патувања и „мировни мисии“, како што тој ги нарече, ги шокираа сојузниците во НАТО и ЕУ. Сето ова се случи во моментот кога Унгарија го презеде претседавањето со Советот на ЕУ.
„Не можеме да очекуваме никаква мировна иницијатива од Трамп до изборите. Сепак, можам со сигурност да кажам дека набргу по изборната победа, тој нема да ја чека неговата инаугурација, туку веднаш ќе биде подготвен да дејствува како мировен посредник“, напиша Орбан до претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и другите лидери на ЕУ и додаде дека Трамп „има детални и добро основани планови“.
Тоа значи дека ЕУ треба да предвиди промена во политиката на САД, рече Орбан и да ја прифати потребата од итни разговори меѓу Русија и Украина или да преземе поголема одговорност за финансирање на одбраната на Украина.
Mировниот план на Трамп
Описот на Орбан за мировниот план на Трамп за Украина се совпаѓа со политичкиот документ за конфликтот што го напишаа двајца сојузници за поранешниот претседател, кој се очекува да ги преземе главните улоги за националната безбедност во неговата администрација доколку победи на изборите во САД во ноември.
Планот на Кит Келог и Фред Флејц од Институтот за политика на Американската предлага САД да продолжат да ја зајакнуваат одбраната на Украина, но идната воена помош ќе бара учество на Киев во мировните преговори со Русија.
фото: EPA-EFE/Zoltan FischerМожеби ќе ве интересира
Новиот папа го прими Зеленски на денот на инаугурацијата

Украинците тврдат: Русија ќе испали ракета со дострел од 10.000 километри вечерва

Мексикански едреник удри во бруклинскиот мост, двајца починати

„САКАМЕ ДА ГО РЕШИМЕ ОВОЈ ПРОБЛЕМ ЗАЕДНО, НЕ ДА ЗАВРШИ ВО ГЕРМАНИЈА“: Мерц тврди миграциската политика е во согласност со соседите

ПАНИКА ВО ЧЕШКА - Американец ставен во изолација поради сомневање за ЕБОЛА: Бил во контакт со 26 лица

ШВАЈЦАРЦИТЕ СЕ СООЧУВААТ СО ГОЛЕМ ПРОБЛЕМ: Откажани 1.400 летови, авиокомпанијата ја откри причината

„Русија војуваше со Шведска 21 година, колку долго може да издржите“: шефот на руската делегација во Турција им побара на Украинците

ТРАМП ЗАКАЖА РАЗГОВОРОТ СО ПУТИН! Дали судбината на Украина ќе биде решена на ОВОЈ ДАТУМ? „Да го запреме ова крвопролевање!“
