Како средношколка ги купував сите спортски весници во кои пишуваше за Владо, ме запроси во Романија: Светлана Милев за Женски магазин
Објавено во: Стил 11 Септември, 2023 12:41
Светлана Милев е 33 годишна дама која потекнува од Струмица, мајка на две прекрасни девојчиња Ника и Хелена, и сопруга на еден од македонските одбојкарски репрезентативци Владо Милев кој има интернационална кариера.
Светлана дипломирала странски јазици и бизнис, вработена е како менаџер за продажба и дигитален маркетинг, а нејзина најомилена титула е тоа што е мајка.
„Имаме живеено во Белгија, Грција, краток период во Либан, Австрија, Романија, Кипар, Унгарија, Црна Гора, а Владо има играно и живеено и во Чешка, Абу Даби, Оман, Либија... „Скитници” (се смее). Имаме научено многу за луѓето, животот и културата, стекнато многу пријатели и убави спомени од секое место во кое сме живееле“, вели Светлана за врската со еден од спортистите кои изминатиот период беа актуелни поради настапот на македонската репрезентација на Европското првенство и историскиот пласман во осмина-финалето.
За Женски Магазин таа раскажува од прва рака за нивниот живот и за тоа како се запознале со Владо.
Можеби ќе ве интересира
Се отвораат казина на секој чекор, младите кои сакаат кино култура немаат каде да гледаат филмови: Скопје веќе 8 месеци е без градско кино
Сведоштво на Викторија Сребренова за трагедијата во „Пулс“: Заглавена во толпата со скршеници и изгореници, го слушав гласот што ме одржа жива, издржи, не предавај се
Лидија Ивановиќ како бебе била оставена до контејнер во Скопје: Денеска е остварена жена, но не знае од каде доаѓа - „Чувствувам дека сум Македонка“




