02 Декември, 2022
0.0299

Како социјалните медиуми ги гледаат успешните мажи кај нас и кој оставил најзначаен впечаток изминативе 4 години

Објавено во: Мои пари 05 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Во денешно време современите бизниси сѐ повеќе ги користат социјалните медиуми како клучна стратегија воефикасното вклучување на нови, сегашни и потенцијални клиенти.

Користењето на социјалните мрежи од страна на компаниите и менаџерите е одлична алатка за пренесување на информации до широката јавност, запознавање и промовирање на производи, услуги и новости. 

Брендовите се претставуваат со помош на социјалните мрежи и комуницираат со јавностa, па на тој начин влијаат на секојдневието.Значаен дел од изборот на „Мажи на годината“ се социјалните мрежи бидејќи јавно се гласа за наградата „Маж на годината според социјалните мрежи“.

Во изборот на потенцијалниот добитник на наградата во оваа категорија се номинираат личности кои се познати на поголемиот дел од јавноста. Тука спаѓаат личности кои се дел од секојдневието како видни бизнисмени, менаџери, професори, политичари, доктори и останати јавни личности кои го даваат својот значаен придонес во општеството и економијата.

Во изминатите четири години,награди понесоа многу од личностите кои оставија белег во македонското општество. Станува збор за луѓе со свој придонес на повеќе полиња и луѓе кои направиле значајни гестови, па вреди да бидат одбележани. Една од 13-те категории на кои се доделува награда е и категоријата  „Маж на годината според социјалните мрежи“. На првиот избор на „Мажи на годината“ во 2018 година наградата во оваа категорија ја понесе успешниот македонски водител и новинар Огнен Јаневски. На второто издание во 2019 година јавноста со најмногу гласови го изгласа македонскиот ракометар Стојанче Стоилов кој во годината на изборот со својот ракометен клуб постигна огромен успех и испиша историја во македонскиот ракомет. Во 2020 година наградата отиде кај хуманитарецот Али Февзи. На последното издание оваа престижна награда „Маж на годината според социјалните мрежи“ го избра хуманитарецот Борче Стаменов кој секојдневно склопува и поправа стари компјутери кои ги подарува на социјално загрозените семејства и луѓето на кои им е најпотребно.

Горенаведените добитници на награди се личности со голем општествен придонес, па затоа имаат и свое реноме кај пошироката јавност. Несомнено е дека влијанието на социјалните мрежи од година во година сѐ повеќе расте, па затоа и оваа награда добива повеќе значајни конкуренти.

Влијанието на социјалните мрежи врз целокупниот живот, врз економијата, политиката и сите други категории од нашиот живот е од големо значење, затоа со големо внимание следиме кој ќе биде избран за „Маж на годината според социјалните мрежи“ за 2022 година.

ПР објава

Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2022 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ШТРУМФОВИ – АМБАСАДОРИ ЗА ЦЕЛИТЕ НА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ НА ЧОВЕШТВОТО ЗАПОЗНАЈТЕ СЕ СО МАЛИТЕ ШТРУМФОВИ – ВО ИСТ ГЕЈТ МОЛ ДО 9ти декември

ШТРУМФОВИ – АМБАСАДОРИ ЗА ЦЕЛИТЕ НА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ НА ЧОВЕШТВОТО ЗАПОЗНАЈТЕ СЕ СО МАЛИТЕ ШТРУМФОВИ – ВО ИСТ ГЕЈТ МОЛ ДО 9ти декември

БИОТЕК групација со нова поликлиника во центарот на Скопје

БИОТЕК групација со нова поликлиника во центарот на Скопје

IQOS достапен преку онлајн платформата Корпа

IQOS достапен преку онлајн платформата Корпа

Шпаркасе Банка, најдобар избор на банка за твојата плата

Шпаркасе Банка, најдобар избор на банка за твојата плата

Koј e српскиот репрезентативец за кого е создадена новата фудбалска хит серија ,,Златни дечко“?

Koј e српскиот репрезентативец за кого е создадена новата фудбалска хит серија ,,Златни дечко“?

Кога плаќањето се исплаќа, шопингот е вистинска забава

Кога плаќањето се исплаќа, шопингот е вистинска забава

Маестро Симон Трпчески е Маж на годината за 2022

Маестро Симон Трпчески е Маж на годината за 2022

Отворање на сензорна соба опремена со мноштво на дидактички материјали и сензорни елементи во ООУ „Ј. Х. Песталоци“ – Скопје

Отворање на сензорна соба опремена со мноштво на дидактички материјали и сензорни елементи во ООУ „Ј. Х. Песталоци“ – Скопје

НЛБ Банка воведува Зелени кредити за физички лица

НЛБ Банка воведува Зелени кредити за физички лица