01 Мај, 2024
0.0320

Како „Силк роуд банка“ ја зголеми добивката за 4 пати?

Објавено во: Економија 03 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

„Силк роуд банка“ лани ја зголеми нето добивката од работењето за речиси 4 пати во споредба со 2016 година, покажуваат официјалните податоци од извештајот на независните ревизори. Имено, „Силк роад банка“ по превземањето на грчката „Алфа банка“ успеа да направи консолидација на позициите и во услови на намалени приходи од камати да направи добивка од 760.500 евра. Клучни параметри за успехот на банката се редукциите направени кај трошковните ставки.

Најглавниот и најголем приход – каматите на нето ниво лани беа 2,5 милиони евра и тоа е за околу 70.000 евра помалку од 2016 година. Минимална компензација на ова намалување имаше кај втората по големина приходна ставка – нето приходите од провизии и надоместоци каде банката реализираше нето 600.000 евра или 81.000 евра повеќе од 2016 година. Останатите приходи од дејноста на банка учествуваат со 2,5 милиони евра и тука нема поместувања во однос на 2016 година.

Лани има значајно зголемување на резервациите и тие на крај на 2017 година се на ниво од 1,9 милиони евра што е за за повеќе од 9 пати поголем упис на резервации во однос на 2016 година. Работата ја вади ставката загуба заради обезвденување на нефинансиски средства (т.е. на материјалните средства) кои донеле 1,5 милиони евра наместо да однесат пари во расход. Од паричниот тек на банката се гледа дека лани инкасирале околу 950.000 евра од продажба на имот што бил превземен заради ненавремена наплата на побарувања. Значаен импулс за позитивното работење на банката има и ставката трошоци за вработени кај која има намалување за 21 отсто односн за повеќе од 500.000 евра до износ од речиси 2,1 милиони евра.

Лани банката остварила добивка по акција од 75 евра наспрема  добивката од 20 евра во 2016 година.

Агресија на пазарот, кредитирањето порасна за 3,24 милиони евра

„Силк роад банка“ го зголеми кредитирањето до износ од 57,2 милиони евра и зголемувањето е 3,24 милиони евра односно за 6 отсто. Во други банки оваа банка позајмила 1,5 милиони евра, а речиси ист износ држи и во државни хартии од вредност на крајот на 2017 година.

Депозитите пораснале за пола милијарда денари!

Депозитната база на „Силк роад банка“ пораснале за повеќе од 8,2 милиони евра до износ од речиси 90 милиони евра што претставува раст на депозитите за повеќе од 10 отсто.

Од билансот на состојба мора да се истакне дека банката има акумулирана загуба од 13,23 милиони евра. Многу е важно да се има во предвид дека „Силк роад“ по превземањето на „Алфа банка“ ја намали акумулираната загуба за над 7 милиони евра.


Р. Ф.

Можеби ќе ве интересира

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

Вработените на ФЗО излегоа на протест

Вработените на ФЗО излегоа на протест

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“