09 Мај, 2024
0.0260

Како штипската Европа ја продава „чунга лунга“ во светот

Објавено во: Економија 10 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Основана е уште во 1957 година и е специјализиран производител на повеќе категории шеќерно-кондиторски производи. Европа - ДООЕЛ сега извозно ориентирана компанија, а своите производи ги извезува во повеќе од 25 земји. Станува збор за 50 различни производи - гуми за џвакање, карамели, бонбони и лижавчиња. Тимот на „Европа“ ДООЕЛ - Штип има развиено светски производи во однос на квалитет, изглед и севкупен настап на домашниот и на меѓународните пазари. 

Со воспоставување на производни процеси со висок степен на автоматизација, „Европа“ ДООЕЛ - Штип реализира висока продуктивност и меѓународно признат систем за континуирана контрола на квалитет. Во однос на презентацијата, со специјализација на портфолиото за детски вкусови, особено преку меѓународно познатиот бренд „Чунга Лунга“, „Европа“ уникатно се позиционира на светскиот пазар.

„Со специјализација и посветеност „Европа“ ДООЕЛ има докажано и уникатен модел на иновативност и брзина на имплементација на иновации во компетитивна и технолошки комплексна индустрија, во која традиционално доминираат најголемите меѓународни производители. Оваа компанија многупати ја има докажано и својата општествена одговорност преку спонзорирање на спортски детски натпревари и организирање на други спортски натпревари и турнири. „Европа“ ДООЕЛ - Штип остануваат потврда за синонимот за квалитет и успешност. Посветеноста во работата, модерната технологија, традиционалните вкусови, задоволните клиенти и понатаму продолжуваат да бидат нивниот најголем белег и доказ за успешна работа, пишува Бранко Азески, претседателот на Стопанската комора.

Миле Атанасов, сопственикот на „Европа“ ДООЕЛ - Штип вели дека е важно вмрежувањето на компаниите со останатите од регионот за конкурентен настап на меѓународните пазари. 

„Имајќи ги предвид капацитетите на меѓународните конкурентски компании, зголемување на внатрешната соработка е неопходно и за одржлив развој на Балканскиот Полуостров. Во оваа насока, Стопанската комора на Македонија нуди платформа за меѓусебна координација и заеднички пристап на светските пазари, вели Атанасов.


Можеби ќе ве интересира

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните