09 Мај, 2024
0.0261

Како се одлеале 1,7 милијарди евра од Македонија за седум години

Објавено во: Економија 06 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Близу 319 милиони евра префрлиле назад во матичните земји странските инвеститори во земјава како дивиденди за сработеното овде, за цела година лани. Ова е биланс од работењето на компаниите кои имаат странски капитал, но не мора да значи и дека се класични странски инвеститори. Банки, компании од повеќе сектори кои имаат странски капитал овде, речиси секоја година ги одлеваат заработките во фирмите мајки. Сумата која како дивиденда е префрлена во 2019 година сепак е еден подобар „скор“ ако се анализаираат податоците од годините претходно.

Фактор направи споредба на одливите по основ на дивиденди од 2012 година набваму, па само во 2014 година, сумата е поголема од ланската. Односно таа година одлеани се вкупно 364,2 милиони евра, лани се безмалку 320 милиони евра. Сумите во 2012 и во 2013 година не надминуваат 150 милиони евра, исто како што е и во 2015 година, додека во 2016 се само нешто над 200 милиони евра.

Од 2012 година до сега како дивиденди од земјава одлеани се над 1,7 милијарди евра или точно милијарда и 720 милиони евра.

Инаку нема податоци кој ги исплаќа овие дивиденди и кон која земја се одлеани парите. Најголемите одливи сепак се од друштвата кои остваруваат поголеми добивки, како банките на пример, од кои пак, повеќето имаат странски акционери.

Година одлив дивиденди (мил. евра)

2012  135,6

2013  128,4

2014  364,2

2015  138,3

2016  201,6

2017  230

2018  202,8

2019  319

Инаку компаниите со странски капитал вопсоледните години се клучен двигател за економијата. Тие што влегоа како странски директни инвестиции се носители на извозот во змејата и имаат висока додадена вредност. Сепак според податоци од минатата година од Народната банка, странските директни инвестиции изнесуваат само околу 360 милиони евра, што пак е речиси двојно помалку од 2018 година. Тогаш странските дирекни инвестиции надминаа 600 милиони евра.

Александра Томиќ


Можеби ќе ве интересира

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!