01 Мај, 2024
0.0278

Како раскваси лани битолска „Квасара“?

Објавено во: Економија 04 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Профит од 350.000 евра лани што е раст на добивката макар и минимален и тоа е реализирано во услови кога приходите од продажба бележат минимален пад. Значајно за истакнување се зголемените финансиски расходи на компанијата во однос на 2016 година

Битолската фабрика за квасец лани оствари добивка од 353.000 евра, што е за 23 отсто поголема добивка од остварената во 2016 година, покажуваат официјалните податоци од билансот на успех на единствената македонска компанија што произведува квасец и шпирт. 

Приходот од продажба на 2017 година изнесува 7,16 милиони евра и е минимално понизок од продажбата реализирана во 2016 година. Тоа значи дека компанијата успева да го одржи своето пазарно учество, но нема видлива развојна компонента.

На страната на расходите во скромната расходна структура најголем трошок е набавката на материјали и ситен инвентар за кои компанијата платила 4 милиони евра што е за 150.000 евра повеќе од истиот период лани. Останатите оперативни трошоци на фирмата изнесуваат 1,64 милиони евра и се за околу 50.000 евра поголеми од истиот период во 2016 година. Минилмално намалување од 35.000 евра има кај трошокот за вработените и тој лани изнесува 1,16 милиони евра. 

Оперативната добивка на друштвото е 386.000 евра и е за околу 30.000 евра поголема од профитот во 2016 година.

Значајно за истакнување е зголемувањето на финансиските расходи на друштвото лани. Тие пораснале за 27.500 евра во однос на 2016 година и лани „Квасара“ платила 100.000 евра за камати. Кај обврските на „Квасара“ јасно се гледа дека тековните обврски пораснале за 713.000 евра што е дуплирање на обврските во однос на 2016 година. Од тоа обврските по краткорочни кредити пораснале за 418.000 евра, а обврските кон добавувачите на крајот на 2017 година биле за 300.000 евра поголеми од 2016 година. Долгорочните обврски на „Квасара“ на крајот на 2017 година надминале 2,1 милиони евра.

Р. Ф. 

Можеби ќе ве интересира

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

Вработените на ФЗО излегоа на протест

Вработените на ФЗО излегоа на протест

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?