Добивај вести на Viber
Кои се петте работи кои мора да ги знаете доколку одите на ново работно место? Како побрзо и полесно да се снајдете во новата работна средина?
Новата работа може да биде голем предизвик, затоа треба добро да се подготвите и почнете со следење на петте чекори.
Дефинирајте ја прецизно својата улога на работа
Првите часови на работа искористете ги да добиете одговор што од вас се очекува. Прашајте го претпоставениот на што да се фокусирате, затоа што по тоа ќе се мери вашиот успех или неуспех. Кога знаат што од нив се бара, новите работници полесно ќе се вклопат во колективот.
Активно слушајте
Внимателно слушајте додека разговарате со колегите и надредените, затоа што така ќе дознете кои се слабите точки во фирмата. Тоа е можност да се покажете во најдобро светло.
Пронајдете сојузник
На новото работно место најдете колега со кој ќе се спријателите и кој ќе може да ви помогне. Бидете опкружени со пријателски настроени луѓе, но имајте „отворени очи“ и информациите кои ќе ги добиете примајте ги со резерва.
Запаметете имиња
Запаметете ги имињата на луѓето кои веќе сте ги запознале. Тоа е важно за да оставите добар впечаток. Бидете љубезни со сите додека се запознавате.
Работете професионално
На работа треба да работите професионално, да покажете дека навистина ја разбирате работата, дека сте внимателни и темелни.