29 Март, 2024
0.0287

КАКО ПОЧНА СЕ: Зошто коронавирусот брзо се прошири во Италија

Објавено во: Свет 25 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Првиот заразен во Италија, 38-годишен маж, минатата недела дојде во болницата во Кодоња, но го пуштија дома со дијагноза на грип, а со оглед на тоа дека не патувал никаде лекарите не го тестирале на коронавирус....


Италијанскиот весник Коријере дела Сера пишува дека се очекува бројот на заразени од коронавирусот да расте од час во час, но дека ноќниот кошмар во Италија почна во петокот наутро кога почина првата заразена личност.

За само 48 часа од смртта на првата жртва покраините Ломбардија и Венето завршија во блокада, во карантин, додека на патиштата има војска и полиција, а училиштата, кината, базените и слично се затворени на најмалку една недела.

Главниот човек на Агенцијата за цивилна заштита, Анџело Борели, рече дека лекарите не треба да бидат обвинети за ненавремено препознавање на симптомите на коронавирус, пренесува порталот Индекс.

Италијанскиот весник исто така пишува дека во болницата во Кодоња, каде што е хоспитализиран првиот заболен пациент, се заразени најмалку пет лекари и медицински сестри, додека во болницата во Дол, каде што е хоспитализирано уште едно заразено лице, има тројца заразени медицински работници.

– Не се работи за бројот на направени тестови. Имаше ситуации во кои навреме не ги препознавме симптомите на коронавирусот. Лекарите имаа проблем при идентификацијата на симптомите, рече Борели.

Првиот заразен во Италија, 38-годишен маж, минатата недела дојде во болницата во Кодоња, но го пуштија дома со дијагноза на грип, а со оглед на тоа дека не патувал никаде лекарите не го тестирале на коронавирус.

Неколку дена подоцна состојбата му се искомплицирала, повторно се вратил во болницата каде што подоцна откриле дека е заразен.

Вирологот од миланскиот универзитет Фабрицио Прељиаско рече дека никој од лекарите не помислил на коронавирус бидејќи во Италија не беше забележан, освен кај двајца туристи кои кон крајот на јануари беа хоспитализирани, а кои беа дојдени од Кина и се наоѓаа на сосема друго подрачје.

– Едноставно немаше причина да се сомневаме за коронавирус, особено затоа што владееше грип. Италија се најде во ситуација како и Кина, се соочи со нов вирус. Точно, за коронавирусот се зборува веќе еден месец, но во Италија немаше ниту еден друг случај освен тие туристи, додаде тој.

Професорот Деви Шридхар од Медицинскиот факултет во Единбург смета дека епидемијата доживеа голем пресврт во последните 48 часа бидејќи дојде до зголемување на бројот на лица заразени надвор од центарот на епидемијата во Кина „кои не се јасно епидемиолошки поврзани, не биле на патување или во контакт со лица дијагностицирани со оваа болест“.

Така во последните денови се појавија и развија жаришта во Јужна Кореја, Иран и Италија, каде што за неколку дена се регистрирани речиси 150 случаи и 12 града се во изолација.

Што се однесува до автохтоното жариште во Италија, на научниците им е тешко да го одредат текот на заразата кај „првиот пациент“ од кој се прошири вирусот.

– Тоа што се случува во Италија и во Јужна Кореја би можело да се случи каде било во светот, предупреди Шридхар. 


Фото:  Claudio Furlan/Lapresse via AP

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот на Телеграм доби предупредување од Кремљ по терористичкиот напад во Москва

Сопственикот на Телеграм доби предупредување од Кремљ по терористичкиот напад во Москва

Лавров: Мировниот план предложен од Украина е бесмислен

Лавров: Мировниот план предложен од Украина е бесмислен

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?