27 Април, 2024
0.0282

КАКО ОД КВАСЕЦОТ ПОРАСНА ПРОФИТ НА ЕДНА БИТОЛСКА ФАБРИКА - загубата од 777 илјади евра се претвори во нето добивка од 330 илјади

Објавено во: Економија 26 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Како од загуба се постигнува одлична добивка. Одговорот го има една битолска фабрика која произведува квасец, а тој гласи – инвестиции.

Ако претходната 2022 година оваа компанија ја завршила со негативен финансиски резултат од дури 777 илјади евра, што пак се случувало втора година по ред, веќе во 2023 година тој влегува во зоната на позитивата.

Или, Битолска квасара ланската година ја затворила со сосема солидна нето добивка од одлични 330 илјади евра.

Компанијата ги објави преку Берзата своите финансиски извештаи, а Билансот на успех говори дека нејзините приходи се значајно зголемени во 2023 година, во однос на една година претходно.

Или, од продажбата на квасец и медицински алкохол оваа битолска фабрика остварила приливи од дури 11,4 милиони евра, наспроти 8,7 милиони евра во претходната година.

Останатите оперативни приходи се на речиси исто ниво како претходната година и се многу пониски, или се на ниво од 200 илјади евра.

Зголемени се и расходите, па за потрошените материјали и ситен инвентар се исплатени близу 6 милиони евра.

Пораст има и кај трошоците за вработените, и лани тие изнесувале 1,2 милиони евра.

На име останати оперативни расходи се направени 3,2 милиони евра, но тие се намалени во однос на претходната година.

Сето тоа довело до оперативна добивка од 734 илјади евра.

Но, како резултат на значајно повисоките финансиски расходи од 338 илјади евра, и во однос на финансиските приходи, но и во однос на претходната година, а и после платениот данок на добивка, конечниот нето профит доаѓа до ниво од 330 илјади евра.

А, како што веќе има пишувано Фактор, компанијата во 2022 година работеше со загуба и тоа втора година по ред. Ова се случи и покрај тоа што во 2022 година таа ја зголеми продажбата за 40 отсто и успеа да инкасира 8,7 милиони евра, и тоа во најголем дел од продажбата на пекарскиот квасец. Но, загубата се случи поради драстичното зголемување на останатите оперативни расходи, и тоа за 1,5 милиони евра, достигнувајќи 3,6 милиони евра. Раст во 2022 година забележаа и средствата потрошени за набавка на материјал и ситен инвентар за речиси 600.000 евра и тие беа најголема расходна ставка, достигнувајќи 4 милиони евра.

Компанијата во 2022 година објави дека ќе вложи до 3 милиони евра во подобрување на енергетската ефикасност преку инсталација на фотоволтаици за производство на струја, во реконструкција на склад за гориво, котли за биомаса и за мазут, со што би се овозможило производство на струја со турбини на водена пареа.

А, ако се погледне Билансот на состојба за 2023 година, се гледа дека пораснала нејзината вкупна актива, а благ пораст има и кај долгорочните и тековните обврски на Битолската квасара.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба