Во исто време, Владата им препорача на двете претпријатија да го обезбедат побаруваниот заем.
Половина од средствата (три милиони денари) се наменети за линеарна исплата на примања за вработените. Околу 30 проценти од средствата ќе бидат наменети за набавка на репроматеријали и на други потребни средства на компанијата. Остатокот од парите ќе се насочат за тековно одржување на „Еурокомпозит“.
На денешната седница, Владата исто така го задолжи заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, во согласност со позитивните законски прописи, во најскоро можно време да најде конечно решение за компанијата Еурокомпозит од Прилеп.