05 Мај, 2024
0.0238

Како „Макпетрол“ ја заврши деловната 2015 година?

Објавено во: Економија 13 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Во деловната 2015 година Друштвото успеа да оствари продажба на нафтени деривати, биодизел, глицерин и природен гас во висина од 347.542 тони што претставува зголемување во однос на истиот период лани кога е остварена продажба во висина од 315.480 тони.

На Собранието на акционери на „Макпетрол“  кое се одржа викендов се донесени повеќе одлуки меѓу кои одлука за усвојување на годишниот извештај за 2015 година.

Усвоена е одлуката за распоредување на добивката, одлука за зделка со заинтересирана страна, одлука зa усвојување на Годишната сметка и Финансиските извештаи 2015, одлука за усвојување на Kонсолидираната Годишна сметка и Kонсолидирани Финансиски извештаи, одлука за одобрување на работењето на членовите на Управниот одбор одлука за одобрување на работењето на членовите на Надзорниот одбор, одлука за усвојување на Извештајот на Надзорниот одбор, одлука за усвојување на Годишниот извештај на Управниот одбор и одлука за определување на ревизори на Финансиските извештаи.

Преку Македонската берза соопштија дека минатата година се остварени позитивни резултати во работењето.

„Во овој период остварен е вкупен приход во износ од 18,6 милијарди денари кој е помал од минатогодишниот за 1,9 милијарди денари или 9,5 и.п. Ваквото намалување на приходите се должи на ефектот од намалувањето на цените на дериватите во однос на истиот период од минатата година“- стои во извештајот.

Во истиот период остварени се вкупни расходи во висина од 18,4 милијарди денари што преставува намалување во однос на минатата година за 2,2 милијарди денари или 10,6 и.п. во што повторно најголем удел има намалувањето на цените на дериватите.

Набавната вредност на стоките со кои тргува Друштвото изнесува 16,3 милијарди денари во 2015 година и учествува со приближно 88% во искажаните вкупни приходи и расходи и е за 11 и.п. намалена во однос на 2014 година кога изнесувала 18,4 милијарди денари.

Висината на набавната вредност, во услови на искажан пораст на количествениот промет, зависи од нивото на пропишаните цени на горивата. Тие се менуваат на секој две недели во текот на годината од страна на Регулаторната комисија за енергетика.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години