04 Мај, 2024
0.0907

Како „Макошпед“ направи добивка од 389.000 евра?

Објавено во: Економија 09 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Кои се добрите вести за акционерите во „Макошпед“? Компанијата ја заврши годината со добивка од 389.000 евра, оствари приходи од дивиденди од 233.000 евра. Нејзините вложувања во акции вредат над 8 милиони евра. Од кор бизнисот е на позитивна нула иако приходите паѓаат во континуитет. Лани се продадени основни средства вредни 626.000 евра, а за останати расходи од финансирање се платени 393.500 евра. На потег се големите акционери: Илија Гечев, Кочо Моцан и „Уготур“

Во годината во која одбележа јубилеј – 50 години постоење шпедитерската компанија „Макошпед“ оствари добивка од 389.000 евра икниговодствено гледано ја има една од најуспешните години од аспект на остварена добивка во последната петолетка.

Анализата на јавно достапните податоци од билансот на успех покажува дека генератор на добивката на „Макошпед“ се останатите оперативни приходи од кои компанијата лани остварила приход од 616.000 евра. Од паричниот тек е видливо дека компанијата лани остварила приход од 626.000 евра од продажба на основни средства. И веројатно тука треба да се бара приливот на останатите оперативни приходи кои генерираат на крај добивка од 389.000 евра.

Какви се приходите од „кор бизнисот“?

„Макошпед“ лани оствари оперативни приходи во износ од 1,85 милиони евра, а од нив на останатите приходи отпаѓаат 616.200 евра. Приходите од продажба на компанијата лани изнесувале 1,24 милиони евра и тие бележат намалување од 5 отсто во однос на 2018 година. Приходите од продажба на „Макошпед“ се намалуваат во континуитет три години по ред. Во структурата на приходите од продажба доминираат приходите од домашниот пазар кои лани изнесувале 1,1 милиони евра.

Оперативните расходи на компанијата лани изнесувале 1,25 милиони евра и тие се за 100.000 евра поголеми од приходите остварени од продажба. Најголеми трошковни ставки лани биле набавната вредност на трговски стоки со 466.000 евра и трошоците за вработените кои изнесуваат 291.000 евра.

Оперативната добивка исклучиво благодарејќи на останатите оперативни приходи изнесува 599.000 евра.

Финансиски приходи и финансиски расходи

„Макошпед“ е најголем акционер во најголемата шпедитерска компанија „Фершпед“ и втор најголем акционер во најстарата кондиторска индустрија „Европа“. Од дивиденди лани „Макошпед“ наплатил 233.000 евра. Тие се доминантни во креирањето на финансиските приходи чија вкупна вредност лани изнесува 263.000 евра. Наспроти финансиските приходи се финансиските расходи кои лани изнесувале 408.000 евра. Во нивната структура доминантна ставка се останатите расходи од финансирање кои изнесуваат 393.500 евра. Од паричниот тек е евидентно дека ист износ компанијата книжи под ставка загуба од продажба на вложување. Заради тоа што финансиските расходи на „Макошпед“ се за 145.000 евра поголеми од неговите финансиски приходи компанија книжи добивка по оданочување во износ од 389.000 евра.

„Макошпед“ не должи за кредити

Веројатно една од најголемите предности на „Макошпед“, освен солидните приходи од дивиденди, е тоа што компанијата нема обврски по кредитни аранжмани. Од јавните податоци од билансот на состојба се гледа дека „Макошпед“ на крај на 2019 година имал обврски во износ од 327.300 евра и од тоа дури 230.000 евра се негови обврски кон добавувачите, а околу 65.000 евра на крај на 2019 година биле обврски кон државата.

Што вреди во „Макошпед“?

Книговодствено гледано „Макошпед“ е фирма која има вредно портфолио акции. Од билансот на состојба се гледа дека на крај на 2019 година вредноста на акциите (12,9 отсто од сите акции во „Фершпед“ и 19,9 отсто во „Европа“ н.з.) изнесува 8,54 милиони евра. Слична е и вредноста на акумулираната добивка на „Макошпед“. Компанијата во краткорочни вложувања има половина милион евра, покажува билансот на состојба.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски