27 Април, 2024
0.2177

КАКО ЌЕ ЗАЗДРАВУВА ЕВРОПСКАТА ЕКОНОМИЈА: Фон дер Лајен ќе објави денеска

Објавено во: Економија, Свет 27 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, денеска ќе го објави планот на ЕУ за опоравување на економијата по пандемијата во земјите членки на Унијата. Истовремено, таа ќе го презентира и предлогот за новиот седумгодишен буџет на Европската Унија, кој требаше да биде донесен оред неколку месеци, но земјите на Унијата не дојдоа до конечен договор.

Фон дер Лајен пред точно две недели истакна дека новиот предлог за буџетот на ЕУ е тесно поврзан со мерките за задравување на економијата и тоа ќе биде комбинација од заеми и бесповратна помош. Според неа сетот економски мерки всушност ќе биде комбинација од седумгодишниот буџет и инструменти за опоравување на економиите во земјите членки и тоа задолжување на пазарите на капитал со гаранција на државите членки.

Предлозите мора едногласно да бидат усвоени од сите земји на ЕУ, како и од страна на Европскиот парламент од кого се очекува целосна согласност на договореното.

Инаку, седумгодишниот буџет на ЕУ ќе биде во функција од јануари 2021 до 2027 година, а дотогаш, најверојатно Европската комисија ќе даде предлог решение како во меѓувреме да им се помогне на земјите кои се економски најпогодени од пандемијата на корона вирусот. 


Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра