29 Април, 2024
0.0270

КАКО ЌЕ СЕ ПОЛАГА ДРЖАВНАТА МАТУРА, КАКО ЌЕ СЕ НАДОКНАДИ ИЗГУБЕНОТО: Сојузот на средношколци собира предлози, Павиќевиќ за Фактор

Објавено во: Македонија 03 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Од денеска наставата во соновните и во средните училишта продолжува онаму каде што беше прекината поради штрајкот на СОНК. Дали темпото на предавањата ќе остане вообичаено или ќе биде забрзано за да се помине целио материјал до крајот на училишната година, се уште не се знае. Од Сојузот на средношколци за Фактор посочуваат дека од целата неколкунеделна ситуација, нема задоволство ниту кај наставниците, односно професорите и сите останати вработени во образованието, но најголемата штета ја претрпеа учениците. Тие имаат неколку предлози како да се заврши оваа училишна година и како да се надокнадат изгубените часови и материјалот кој најверојатно ќе остане недопредаден.

-Доколку МОН одлучи да има продолжување на училишната година по 10 јуни, лично сметам дека тоа нема да вроди со плод. Учениците не сакаат продолжување на наставата, а тоа не го сакаат ниту наставниците. Ова не би имало никаков ефект. Наставниците би дошле, еден-два часа и ајде одете си дома. Затоа сметаме дека продолжувањето би било само формално, на хартија, но без вистински ефект. Јас размислувам во насока да се скрати материјалот сега и да се префрли за следната учебна година. Тоа го размислуваме како идеја. Што се однесува пак до државната матура, задолжив две ученички од Сојузот, едната од Битола, другата од Скопје, да работат на собирање што повеќе предлози. Овој документ ќе го унифицираме и ќе го пуштиме до Владата. Секако сите детали ќе се договараат во текот на оваа недела. Инаку, според УНИЦЕФ кој спроведоа истражување, единствената работа што ја фалат, тоа е Државната матура. Тоа ни е единствената светла точка, вели за Фактор, Лука Павиќевиќ, претседател на Сојузот на средношколци..

И додека на некои ученици им се брза да го завршат средното образование и да продолжат да студираат надвор од државата, дел од нив пак, потпишуваат петиција за одложување на Државната матура. Оние кои сакаат да аплицираат на странските универзитети, велат дека никако не би смеело да се пробијат роковите, бидејќи на голем дел од европските универзитети, краен рок за аплицирање е некаде до средината на јули.

-Ќе дадам максимум за да ја положам Државната матура. Ми треба тој документ и не верувам дека кој било универзитет надвор од Македонија ќе има разбирање и ќе рече, „нема проблем“ достави ги документите подоцна. Тоа така не функционира надвор од Македонија. Не сакам ниту да помислам да биде одложено полагањето, вели Ана С.

Но, во меѓувреме бројот на потписи на петицијата надмина 8.600.  Матурантите сметаат дека поради двете учебни години кои тие ги поминаа со онлајн настава, како и продолжувањето на зимскиот распуст, не се подготвени за полагање на Државната матура.

-Поради тоа што долг период бевме онлајн (2години), зимскиот распуст беше продолжен и со штрајкот на професорите изгубивме дел од најклучните материјали, сметаме дека сме најоштетена генерација и немаме основа за да полагаме матура. 

Инаку, штрајкот на СОНК е ставен во мирување, а претседателот на синдикатот Јаким Неделков, вчера истакна дека во наредниот период ќе се најдат соодветни заеднички решенија, онаму каде што застанале преговорите и дека нема да има потреба од активирање на штрајкот.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

„ОД АВИОН СЕ ГЛЕДА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО“: „Охрид СОС“ со катастрофална фотографија на загадувањето се обидува да го привлече вниманието на надлежните

„ОД АВИОН СЕ ГЛЕДА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО“: „Охрид СОС“ со катастрофална фотографија на загадувањето се обидува да го привлече вниманието на надлежните

ВАКВО НЕШТО РЕТКО СЕ ГЛЕДА: Еве како беше пуштено осветлувањето на 63 метарскиот крст во Драчево

ВАКВО НЕШТО РЕТКО СЕ ГЛЕДА: Еве како беше пуштено осветлувањето на 63 метарскиот крст во Драчево

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања