Како е да се живее во Норвешка: Плата од 2.500 евра, но државата веднаш зема 35 проценти
Објавено во: Финансии 14 Септември, 2019
Жена од БиХ која отишла во Норвешка, раскажува колку овој „рај“ се променил во последните години.
Таа веќе неколку години работи во кујна во дом за стари лица.
„Земам плата од 2.500 евра, од кои 35 проценти веднаш одат за осигурување и придонеси. На рака добивам 1.700 евра“, вели согорничката на порталот byka.
Вели дека стан со една спална соба е 500 евра, а оние кои се двајца, веќе земале станови на кредит, и одвојуваат околу 1.000 евра за рата.
Становите во Норвешка се скапи, посебно во големите градови. Услов за добивање кредит е учество од 15%.
Раскажува дека стандардот е висок, но и цените.