14 Декември, 2025
0.0624

Како до ефикасна работа од дома: Вивендум Ратио Солушнс со бесплатни обуки за компаниите

Објавено во: Економија 07 Април, 2020 06:38

Добивај вести на Viber

Платформа со која компаниите ќе можат да продолжат со активностите и со обуките за вработените и развојот и тоа он лајн изработи домашната компанија Вивендум Ратио Солушнс. Платформата, дополнително за сите фирми за време на вонредната состојба ќе биде достапна бесплатно. Од Вивендум за Фактор велат дека со оглед на тоа што дојде тешко време за компаниите, а нивен компаниски императив е позитивно да влијаат во општеството, одлучиле на ваков начин да ги помогнат домашните фирми. Впрочем направена е персонализација на LMS (learning management system) платформа и почнувајќи од 10 Април на компаниите ќе им се нуди поддршка во обуките „Раководење со виртуелни тимови“ и фасилитирање на програми за ориентација на нововработени.

„Причината зошто ги избравме овие области лежи во најголемите предизвици со кои компаниите се соочуваат денеска, а тоа се организација на работа со вработени кои работат од дома без намалување на ефикасност и ефективност во работењето и организација на програма за ориентација на нововработени (особено обуките кои се уредени со закон како на пример безбедност и здравје при работа, во услови кога има забрана за собирање на група на луѓе и потреба од физичко дистанцирање), вели Наташа Алексовска, основач и бизнис консултант во Вивендум Ратио Солушнс.


Таа како долгогодишен експерт за човечки ресурси вели дека поголемиот дел од менаџерските вештини потребни за раководење на луѓе во канцеларија се потребни и за раководење на виртуелни тимови. Сепак, за ефективно раководење со виртуелни тимови потребно е да се креира план на активности со соодветна фреквенција и соодветна комуникација во вистинско време.

„Со креирање на политика за работа од дома и креирање на структура се гарантира ефективноста во работата. Праксата покажува дека користењето на алатките за видео конференција не ги даваат посакуваните резултати доколку не постои соодветна структура. Дополнително, одговорност на раководителите на виртуелни тимови во овој период е и грижата за добросостојбата на вработените особено од аспект на менталното здравје и развој на ментална агилност кај своите вработени, додава Алексовска.

Преку оваа обука учесниците ќе имаат можност да се запознаат со најновите практики за раководење на витруелни тимови со фокус на работа во време на криза и состојба на изолација. Алатки преку кои ќе можат да изградат структура на активности, компаниска политика за виртуелна работа и следење на резултати од работата и однесување на вработените.


„Дополнително на обуката, платформата дава можност за поддршка односно менторство после завршување на обуката преку алатки за споделување на студии на случај, е-книги, корисни ресурси, дискусии. Платформата содржи нотификации преку кои учесниците во real-time ќе бидат информирани за сите новости поврзани со обуката, а ние се обврзуваме да бидеме достапни и да има ја дадеме потребната поддршка во овој период, Компаниите кои се заинтересирани да пријават учесници на обуката или имаат потреба од фасилитирање на ориентација на нововработени, можат да не исконтактираат на адресите и броевите кои се наоѓаат на нашата web страница:www.vivedumsolutions.com.mk вели Алексовска.

Обуката е во траење од 6 часа и ќе се изведува еднаш неделно, во петок, се додека постои интерес од страна на компаниите. Таа дури е подготвена оваа платформа и целосната поддршка да ја понуди и на Министерството за образование. Освен алатката Вивендум бесплатно ќе го обучи наставниот кадар за раководење на виртуелно одделение, обука за користење на дигитални платформи за настава преку практична примена и вежби на нашата платформа која е потполно поставена на македонски јазик, како и поддршка после обука во вид на менторство преку алатките и функционалностите на платформата.

A.T.

Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји