17 Декември, 2025
0.0545

Како да купиш 2% акции во најголемата македонска фабрика за зејтин за помалку од 5.000 евра?

Објавено во: Економија 21 Јули, 2022 07:29

Добивај вести на Viber

Одговорот на ова прашање го има велешката компанија „Бане Комерц Трејд“ која во два наврати за акциите на велешки „Кристал“ плати по 152 денари за акција која книговодствено вреди над 970 денари. „Кристал“ лани имаше приход од продажба вреден над 12 милиони евра, а неговата дејност особено доби на значење со војната во Украина – најголем европски извозник на суровина и полупроизвод за правење масло за јадење

„Бане Комерц Трејд“, постоечки акционер во велешкиот гигант за производство на масло за јадење „Кристал“ докупи 2 отсто акции за помалку од 5.000 евра, објавено е денеска на веб страницата на Македонската берза за харти од вредност.

Оваа велешка фирма во два наврати во јуни купи вкупно 1.920 акции со право на глас во „Кристал“ со што го зголеми своите учество во таа акционерска структура за безмалку 2 отсто и сега има 8,8 отсто од акциите со право на глас.

Најинтересно е тоа што оваа акција многу ретко речиси и исклучително ретко се наоѓа во слободна продажба и скоро е невозможно да се купи на берза затоа што нема понудувачи. Но очигледно дека на постоечкиот акционер тоа му тргнало од рака. Значајно за истакнување е тоа што книговодствата вредност на акцијата на „Кристал“ е 6,4 пати повисока од нејзината последна пазарна цена.

„Кристал“ од Велес стана особено атрактивна компанија со избивањето на здравствената пандемија во која почна да расте цената на маслото а јадење. Вредноста на „Кристал“ уште повеќе се зголеми откако изби војната во Украина затоа што оваа земја е најголем производител и извозник на масло за јадење во Европа.

А важно е тука да се истакне дека токму Кристал е единствен македонски производител кој заокружен процес на производство од сончоглед донесен од нива до масло за јадење во шише. Ниту еден друг производител на масло за јадење во Македонија нема таков затворен систем туку користи увозна суровина која во овој период тешко се наоѓа и е се поскапа.

„Кристал“ во првите три емсеци годинава има приход од продажба вреден 3,3 милиони евра што е за 16 отсто повеќе од истиот период лани. Оперативната добивка на компанијата за првиот квартал годинава изнесува 330.000 евра. За 2021 година „Кристал“ од продажба на свои производи, пред се масло за јадење инкасирал 12,2 милиони евра што е за 12 отсто повеќе од претходната година. Оперативната добивка на компанијата лани изнесува 580.000 евра.

Во популарната велешка „Маслодајна“ најголеми акционери се Горан Лазов со 16,4 отсто од акциите, велешката компанија „Агро Ели“ поседува 11,8 отсто, а фирмите „Малина“ и „Скамбио“ по 9 отсто односно 9,3 отсто. Во сопствен откуп „Кристал“ чува 25 отсто од акциите со право на глас. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи