15 Мај, 2024
0.1538

Како да го преживеете отказот и направите бизнис во педесетите?

Објавено во: Балкан, Мои пари 05 Април, 2016

Добивај вести на Viber

Како да се преживее отказот во педесетите години од животот? Како да се соочите со фактот дека се најдовте на улица и покрај тоа што сте доволно силни и стручни за да можете и понатаму да ги извршувате обврските?

Луѓето во таква ситуација често го губат тлото под нозе, имаат чувство дека животот им пропаднал и дека за нов излез и соочување со предизвиците повеќе немаат сила ниту волја. Но не и Татјана Ѓорѓевиќ од Нишка Бања која во 2009 година останала без работа токму во педесетите години .

Ви ја пренесуваме нејзината приказна за српски Бизлајф....

Таа со позајмени пари и со помош на колегата Славиша Спасиќ отворила фирма која и денес успешно работи.

Година дена била на евиденцијата на Националната служба за вработување, примала надокнада и „ковела“ планови како да направи своја фирма.

„Не се предавав. Истиот ден кога останав без работа почнав да размислувам што и како понатаму. Му предложив на колегата Славиша, кој исто така останал без работа, да направиме партнерска фирма. Договорот падна, раскажува Татјана за BIZlife.

И така, со 500 евра кои ги позајмила од другар од Белград, и околу 150 000 динари отпремнина која ја примал нејзиниот партнер Славиша во 2010 година ја создале фирмата „AVM Mechanik“.

Нивната фирма и денес успешно работи и се занимава со производство на енергетски кабини, професионални куќишта, машински системи, кои се прават по желба на купувачот.

„Сега ја проширивме работата. Многу колеги кои исто така останаа без работа ни се придружија. Се вклучија и нашите деца. Некои машини ги правевме, некол половно ги набавивме. Многу ни помогнаа и сега нашата фирма е прилично силна и стабилна. Сите работат, и примаат редовна плата“, рекла Татјана.

Нивната мала семејна фирма успева да ги следи светските трендови, нови технологии, да набавува современи машини и да работи со другите во кооперација.

Татјана во меѓувреме отишла во пензија, а работата сега ја води нејзината ќерка, но и понатаму е активна и секојдневно дава се од себе нејзината фирма да ја наследат и внуците.

Ова е еден од примерите кој никнал во рамки на проектот „Покрени работа“ во соседна Србија кој е покренет пред шест години во, а кој го реализира невладината организација ЕNЕCА благодарение на компанијата  Philip Morris.

Со програмата досега е поддржано покренувањето или унапредувањето на околу 500 мали и семејни фимри, со што се вработени преку 1500 лица.

Инспирирајте се и вие од ова успешна приказна и не откажувајте се!

Можеби ќе ве интересира

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

ВУЛИН: Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина

ВУЛИН: Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина

КАКО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ - си плаќаат даноци навремено и конзистентно

КАКО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ - си плаќаат даноци навремено и конзистентно

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

БЕБЕ ФРЛЕНО ВО КОНТЕЈНЕР ВО ХРВАТСКА - полицијата откри во која состојбата е новороденчето

БЕБЕ ФРЛЕНО ВО КОНТЕЈНЕР ВО ХРВАТСКА - полицијата откри во која состојбата е новороденчето