26 Април, 2024
0.0300

КАКО АКЦИЈАТА НА „МАКОШПЕД“ ПОСКАПЕ РЕЧИСИ ДВОЈНО ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ - во јули цената пораснала за 84 проценти, еве кои се причините

Објавено во: Економија 10 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Акцијата на компанијата „Макошпед“ имала најголем пораст во текот на јули на тргувањето на Македонската берза. Цената на акцијата на овој македонски шпедитер во текот на изминатиот месец пораснала за дури 84 проценти, и со тоа избива за јули во убедливпо прва акција според ценовниот пораст.

Или, ако на крајот на јуни една акција на „Макошпед“ се продавала за 190 денари, на крајот на седмиот месец од годинава нејзината цена достигнала 349 денари за акција, или порастот е за 83,68 отсто.

Ако се прашуваме што е она што ја зголеми цената на акцијата на „Макошпед“, тоа е сигурно многу повисоката добивка на компанијата остварена во првите шест месеци од годинава, која, како што пишуваше Фактор, е поголема за дури 26 пати во споредба со истиот период од претходната година. Или, за првото полугодие од годинава, „Макошпед“ оствари добивка од 3,18 милиони евра.

Тоа, пак, се должи на продадено земјиште во вредност од 3,15 милиони евра, кое ги зголеми приходите на компанијата, практично го создаде најголемиот дел од приходите на вкупна сума од 3,2 милиони евра.

Како што веќе пишувавме, според јавно достапни податоци од катастарската евиденција, „Макошпед“ продал објекти и градежно изградено земјиште со функција на царински терминал во битолското село Буково. Станува збор за два имотни листа со објекти и градежно изградено земјиште во областа Мулојца.

Инаку, од редовното работење „Макошпед“ годинава бележи за нијанса послаб резултат од лани. Имено приходите од продажба изнесуваат безмалку половина милион евра што е за 14 отсто послаб резултат од лани. Речиси целиот приход е остварен од услуги што компанијата ги давала на македонскиот пазар. 

Втората акција во редот на „добитниците“ е приоритетната акција на Стопанска банка Скопје, каде порастот изнесува 10,13 отсто, или, ако на крајот на јуни цената на таа акција била 602 денари, еден месец подоцна достигнала пазарна цена на берзата од 663 денари.

На трето место на акциите со најголем пораст, пак, е акцијата на „Макстил“, при што цената е зголемена за 7,54 отсто, додека, пак, четвртата позиција е за обичните акции на Стопанска банка Скопје, каде зголемувањето изнесува 5,29 проценти.

И, убедливо најтргуваната акција на Берзата и во јули, како и во голем број претходни други месеци, Комерцијална банка, има пораст на цената за 4,66 отсто, достигнувајќи 12.195 денари на крајот на јули. 

А, она што вреди да се истакне за Комерцијална банка е дека нејзината акција била најмногу тргувана на берзата, па прометот направен со таа акција достигнал речиси половина од вкупниот промет направен на берзата во јули, или прецизно 46,7 проценти. Или, само преку тргувањето со акциите на најголемата домашно поседувана банка е остварен промет од 1,4 милиони евра. Истргувани се 7.155 акции на Комерцијална банка.

Втора најтргувана акција е онаа на фармацевтскиот гигант „Алкалоид“, со која е остварен 24,5 отсто од вкупниот промет на Берзата. Или, направен е промет од 730 илјади евра при тргувањето со оваа успешна домашна компанија.

На трето место по тргувани акции е онаа на нашиот најголем нафтен дистрибутер „Макпетрол“, која оствари солидни над 9 проценти во вкупниот берзански промет за јули годинава. Со акциите на моќната домашна компанија од делот на нафтената индустрија беше направен во јули промет од 270 илјади евра.

Потоа следуваат акциите на две банки, Стопнска банка Скопје и НЛБ Банка Скопје, а по нив доаѓа домашната компанија од месната индустрија „Пекабеско“. Солидно тргувни биле и акциите на челичната компанија „Макстил“, како и оние на фармацевтската „Реплек“, како и други компани.

Билтенот на берзата за јули уште и говори дека пак, пад на цените на акциите имало кај Цементарница УСЈЕ, РЖ Техничка контрола и неколку други компании со чии акции се тргува на берзата.

Инаку, од основните податоци за јули од берзанскиот билтен, може да се види и дека во тој месец им сосема незначителен пад на берзанската капитализација на компаните кои котираат на берзата, како и незначителен раст на берзанскиот промет.

Поголемо намалување од близу 30 отсто има кај бројот на берзанските трансакции.

Главниот берзански индекс, пак, МБИ 10, отишол во зелено за 1,61 отсто.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката