27 Јули, 2024
0.0353

Како адвокатот Вангеловски по втор пат е избран на чело на Врховниот суд?

Објавено во: Македонија 14 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Како адвокатот Вангеловски по втор пат е избран на чело на Врховниот суд?

Јово Вангеловски доби втор мандат како претседател на највисокиот суд во земјата. На итна седница Судскиот совет за неполн час го избра Вангеловски, а во трката беа и судиите Снежана Бајлозова, Лидија Неделкова и Беса Адеми.

Првиот пат Вангеловски беше избран за претседател во 2008 година, само неколку месеци откако дојде на функцијата врховен судија. Претходно работеше како адвокат, без ниту еден ден судски стаж.

Адвокатот и кумашинот

На интернет страната на Врховниот суд во биографијата на Јово Вангеловски пишува дека тој е роден на 1 февруари 1960 година во Скопје. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во1982 година, а од следната година до 1986 година работи како стручен соработник во Окружниот стопански суд Скопје.

 Од 1986 до 2008 година работи како адвокат во повеќе правни области, во почетокот на кариерата стопанска и граѓанска материја, во последните 10 години на кривични предмети. На 20 мај 2008 година избран е за судија на Врховниот суд на Република Македонија, каде работи во Одделот за граѓански дела, а по само два месеца, на 17 јули 2008 година избран е за Претседател на Врховниот суд. Функцијата Претседател на Врховниот суд на Република Македонија ја извршува до 17 јули 2012 година. Од вчера повторно е на чело на овој суд.

Кога во 2008 адвокатот година беше избран за прв човек на Врховен суд, неговата вртоглава кариера ја засени кумството со екс претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.

Вангеловски во 2015 година беше споменуван и во прислушуваните разговори на опозицијата од кои можеше да се слушне негов разговор од 2011 година со министерот за транспорт Миле Јанакиески, за случајот „Глобал“.

Јово Вангеловски има долг анкетен лист, во кој е наведено што тој се поседува. Во Антикорупциската комисија пријавил дека има четири стана во Скопје, деловен простор, градежно и земјоделско земјиште. Вози „Мерцедес“ Е 300 кој го купил во 2013 година, а освен тоа во гаражата на семејството Вангеловски уште има и „Лексус“, „Тојота“ и „Крајслер“. Поседува многу акции од кои зема дивиденда, а има и неколку кредити. Претседателот на Врховен е љубител на уметнички слики, а поседува сребрен и златен накит и два рачни часовници „Картие“.

Судскиот совет избра и в.д. претседател на Кривичниот суд, тоа е Стојанче Рибарев, неодамнешен претседател нa Апелацискиот суд во Штип, а од октомври 2016 година судија во Врховниот суд.

Претседателот на Судскиот совет ,Зоран Караџоски,  го пофалил Рибарев дека бил најискусен и затоа е поставен да го води проблематичниот Кривичен додека не се избере претседател.

Ј.М.


Можеби ќе ве интересира

ЛЕВИЦА ОТКРИВА ШТО СОДРЖИ ИЗВЕШТАЈОТ НА ГЕРМАНСКАТА КОМПАНИЈА ЗА ВОЗДУХОТ НА ХИРУРШКИ КЛИНИКИ - еве кои се нивните сознанија

ЛЕВИЦА ОТКРИВА ШТО СОДРЖИ ИЗВЕШТАЈОТ НА ГЕРМАНСКАТА КОМПАНИЈА ЗА ВОЗДУХОТ НА ХИРУРШКИ КЛИНИКИ - еве кои се нивните сознанија

„СЕ КАЕ ОД ПРВИОТ ДЕН ОТКАКО ГО СТОРИЛА УБИСТВОТО, НО ВЕЛИ ДЕКА ЗАТВОРОТ ЗА НЕА Е ОДМОР“ - потресно сведоштво на осуденичка од Идризово

„СЕ КАЕ ОД ПРВИОТ ДЕН ОТКАКО ГО СТОРИЛА УБИСТВОТО, НО ВЕЛИ ДЕКА ЗАТВОРОТ ЗА НЕА Е ОДМОР“ - потресно сведоштво на осуденичка од Идризово

ДОДЕКА СИ СЕДИТЕ ДОМА И СИ КОМЕНТИРАТЕ „МИ СЕ СВИЃА, НЕ МИ СЕ СВИЃА“ ЗА ОЛИМПИЈАДАТА, НЕМОЈТЕ ДА ЗАБОРАВИТЕ ДЕКА: - еве што наброја новинарката Офелија Димковска

ДОДЕКА СИ СЕДИТЕ ДОМА И СИ КОМЕНТИРАТЕ „МИ СЕ СВИЃА, НЕ МИ СЕ СВИЃА“ ЗА ОЛИМПИЈАДАТА, НЕМОЈТЕ ДА ЗАБОРАВИТЕ ДЕКА: - еве што наброја новинарката Офелија Димковска

КАКО НЀ ЗАЛАЖУВААТ ТРГОВЦИТЕ ВО ТЕКОТ НА ЛЕТОТО - дали правиме разлика меѓу распродажба, попуст и акција

КАКО НЀ ЗАЛАЖУВААТ ТРГОВЦИТЕ ВО ТЕКОТ НА ЛЕТОТО - дали правиме разлика меѓу распродажба, попуст и акција

Колони возила на ГП Богородица и ГП Табановце

Колони возила на ГП Богородица и ГП Табановце

СО УМИСЛА И ОД БЕЗОБЗИРНА ОДМАЗДА ТРОЈЦАТА БРАЌА ПУКАЛЕ КОН СОСЕЛАНЕЦОТ - Обвинителството бара притвор

СО УМИСЛА И ОД БЕЗОБЗИРНА ОДМАЗДА ТРОЈЦАТА БРАЌА ПУКАЛЕ КОН СОСЕЛАНЕЦОТ - Обвинителството бара притвор

„МИНИСТЕРОТ ЗА КУЛТУРА УШТЕ СИНХРОНИЗИРА ТУРСКИ СЕРИИ“ - Апасиев со критика за Љутков

„МИНИСТЕРОТ ЗА КУЛТУРА УШТЕ СИНХРОНИЗИРА ТУРСКИ СЕРИИ“ - Апасиев со критика за Љутков

НЕ СЕ ОПУШТАЈТЕ, ВИКЕНДОВ ЌЕ БИДЕ ЖЕШКО - еве ги прогнозите за овие два дена

НЕ СЕ ОПУШТАЈТЕ, ВИКЕНДОВ ЌЕ БИДЕ ЖЕШКО - еве ги прогнозите за овие два дена

ПОВИКАН Е НА КОНСУЛТАЦИИ, ТРЕБА ДА РАЗГОВАРА СО МУЦУНСКИ - после Фрчкоски и Мемеди, и Жерновски на „рапорт“

ПОВИКАН Е НА КОНСУЛТАЦИИ, ТРЕБА ДА РАЗГОВАРА СО МУЦУНСКИ - после Фрчкоски и Мемеди, и Жерновски на „рапорт“