КАИРО НАПРАВИ ИСКЛУЧОК: Египет ја отвори границата со Газа поради евакуација на повредените
Објавено во: Свет 15 Мај, 2021 21:16
Египет денеска ја отвори границата со Газа поради евакуација на повредените лица на единствениот излез што не е под контрола на Израел.
Земјата испрати десет амбуланти во палестинската енклава за евакуација на ранетите во палестинско-израелскиот конфликт.
Официјален Каиро направи исклучок и „ја отвори границата Рафах за премин на десет египетски амбуланти за евакуација на ранетите и нивно пренесување во Египет на лекување”, изјави извор кој побарал да остане неименуван.
Египетското јавно здравје уште вчера најави дека три болници се подготвуваат да ги примат ранетите од Газа. 139 лица загинаа, од кои 39 деца, а скоро илјада се повредени во воздушни напади и бомбардирања на Појасот Газа со кои Израел одговори на палестинските ракетира на својата територија од Појасот Газа, каде на власт е исламистичкото палестинско движење Хамас.
Американскиот претседател Џо Бајден денеска разговарал по телефон со палестинскиот претседател Махмуд Абас за последните конфликти меѓу Израел и Палестинците.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска му соопштил на американскиот претседател Џо Бајден дека Израел прави се за да избегне повреда на луѓе кои не се вклучени во борбата против Хамас и другите групи во Појасот Газа.
Можеби ќе ве интересира
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала
Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност
Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск




