КАФУЛИЊАТА И РЕСТОРАНИТЕ ГИ ОТВОРААТ ЛЕТНИТЕ ТЕРАСИ, НО ДО 20.30: На Велигден и Бајрам нема полициски час
Објавено во: Македонија 27 Април, 2021 07:21
Владата денеска
треба да ги усвои препораките за олабавување на рестриктивните мерки кои треба
да почнат да важат од утре. Здравствените власти предложија, почнувајќи од утре
до 15.мај полицискиот час наместо да почнува од 20 часот, да биде од 21 часот до
05 изутрина, но за претстојните верски празници оваа мерка да не важи. Тоа
значи дека полицискиот час нема да важи сабота кон недела, односно од 1. кон 2.
мај, како и помеѓу 12 и 13 мај.
-За време на двата празника односно во очи на празниците, сабота кон недела и 12-ти кон 13-ти граѓаните ќе можат слободно да се движат, што значи тие деноноќија ќе нема полициски час, а угостителските објекти ќе и во текот на тие денови ќе затвораат најдоцна околу 20.30 часот. Во однос на групирањето и сега преку ден може луѓето да се групираат, не само во верските објекти, еве гледаме тоа го прават и во парковите, но верските лидери земаа обврска на состанокот минатата недела, сè што може да се организира надвор. И самите се свесни дека ова е ситуација во која што е битно да сме сите внимателни, така што сметам дека таков начин на организација во комбинација со одговорноста од граѓаните ќе не доведе во ситуација да нема прекршување на мерките и ќе покажеме дека може да се функционира и во услови на вирусот, истакна вчера министерот за здравство Венко Филипче.
Истовремено, заменик министерот за здравство, Илир Хасани апелираше до граѓаните и понатаму да ги почитуваат основнит мерки, односно да се носат маските и да се одржува дистанца, и секако порача претстојните празници да се празнуваат одговорно.
-Следните верски празници треба да бидат во духот на почитувањето на мерките, затоа што ослободувањето не е направено за да се собираме, туку да се почувствуваме дека сме слободни во овие свети верски празници. Затоа апелирам сите да ги почитуваме мерките за одржување дистанца и носење маска. Се надевам дека сите заедно ќе ги испочитуваме овие мерки и следните денови да се видиме на прес конференции со помали бројки, а со вакцинацијата и да се вратиме во нормала, порача Хасани.
Денеска Владата треба да ја усвои и препораката од утре да почнат со работа и локалите, но гости ќе се примаат само на летните тераси, а нивното работно време, согласно предлогот на здравствените власти ќе завршува околу 20, најдоцна до 20.30 часот.
Комисијата за заразни болести, по направените анализи утврди дека во моментов епидемиолошката крива оди во надолна линија, што значи дека се намалува бројот на новозаразени, како и тоа дека е помал бројот на приеми во болниците, зарди што и препорачува олабавување на рестриктивните мерки.
Притисокот врз болниците, односно ковид-центрите попушта, па министерот Филипче најави и враќање на нормалното функционирење на некои одделенија кои во изминатиот период беа пренаменети во ковид-центри.
-Сега има тренд бројот на испишани пациенти во болниците да биде поголем од примените пациенти. Се намалува и притисокот во болниците, па дел од одделенијата ќе престанат да бидат ковид-центри. За ова дискутираме на секој утрински состанок. Веќе е испразнето одделението за урологија и во текот на неделава ќе се врати на редовниот тек на работа, а после празниците во функција ќе се врати и Клиниката за пластична хирургија, значи се ослободуваат хируршките одделенија, но Клиниката за трауматологија се уште ќе биде во функција на болните од ковид, рече министерот Филипче.
Анита БуховскиМожеби ќе ве интересира
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти




