18 Декември, 2025
0.2107

Каде ќе ја гради Вице Заев првата фотоцентрала?

Објавено во: Економија 17 Мај, 2023 07:45

Добивај вести на Viber

Првата фотоцентрала што ќе ја изгради Солар Грин Енерџи  на Вице Заев и Панче Заев, братот и таткото на поранешниот премиер Зоран Заев, ќе биде со моќност од 315 киловати и ќе биде поставена на кров од објект.

Фирмата за производство на електрична енергија, регистрирана лани во октомври, го поднесе првото барање за издавање на лиценца до Регулаторната комисија за енергетика, а истото е објавено на 15 мај.

„Друштвото за производство, трговија и услуги СОЛАР ГРИН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Струмица, со седиште ул. Гоце Делчев бр.113 Струмица, на 10 мај 2023 до Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија поднесе Барање УП1 бр.12-314/23 за издавање на лиценца за вршење на енергетска дејност производство на електрична енергија од фотонапонска електроцентрала ФЕЦ „СОЛАР ГРИН 3“ со инсталирана моќност од 315 kW. 

Друштвото за производство, трговија и услуги СОЛАР ГРИН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Струмица, со барањето достави, Решение за поставување на фотонапонски панели за производство на електрична енергија на кров од постоечки објект “СОЛАР ГРИН 3” со моќност од 315 kW на КП бр. 2077/2 (на дел од објект бр.1 и на дел од објект бр. 2) КО Струмица“, објави РКЕ.

Решението за изградба е издадено од 25 ноември 2022 од Општина Струмица. Целта за стекнување на лиценцата e производство на електрична енергија за продажба на слободниот пазар. Бараното времетраење на лиценцата е 35 години, дополнува РКЕ.

Вице Заев, братот на поранешниот премиер Зоран Заев, е управител на Солар Грин Енерџи, чиј сопственик е Панче Заев. Сега е јасно дека оваа компанија ќе го користи сонцето како обновлив извор на енергија за производство на струја.

Солар Грин Енерџи може да се каже дека е втора фирма во потесното семејство на Зоран Заев во бизнисот со електрична енергија, покрај Тотал Енерџи на синот Душко Заев.

Власта неодамна објави дека во последниот период се инсталирани 283 мегавати зелена енергија 283 мегавати, а од нив, 200 мегавати се инсталирани и веќе вклучени на мрежата само во изминатите година и три месеци.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?