19 Мај, 2024
0.0308

Каде исчезнуваат индустриските работници

Објавено во: Економија 04 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Продолжува трендот на намалување на бројот на работници во индустријата. Последните податоци на Државниот завод за статистика велат дека во месец март во споредба со истиот месец минатата година сме имале намалување на бројот на работници за 1,5 отсто.

Најголем пад на бројот на работници има во секторите Рударство и вадење камен – 3,7 отсто, потоа во Преработувачката индустрија - 1,4 проценти, а сектор Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација 1,7 отсто.

Тенденцијата на опаѓање на бројот на работници не е нова, но се забележува дека истата се повторува изминатиов период и е присутна кај дел од трудоинтензивните дејности, но и во сектори кои се подобро платени.

Упатените велат дека ваквата појава може да се должи на повеќе фактори, меѓу кои воениот конфлик во Украина, прекинот на синџирите на снабдување, но и на екстремно високите цени на енергијата за компаниите.

-  Состојбите во економијата се многу неизвесни. На корона кризата се надоврза конфликтот во Украина, прекините во синџирите за снабдување, но и енегетската криза поради која цента на струја за компаниите е многу висока. Зголемените трошоци негативно влијаат врз компаниите, кои поради тоа не вложуваат во нова технологија, но и во човечки ресурси. Тенденцијата е присутна и кај секторот енергетика, каде има намалување на број на работници, но и во компаните од трудоинтензивните дејности – вели Ангел Димитров, претседател на Собранието на Организацијата на работодавачи на Македонија.

Димитров за „Фактор“ посочува оти постојаниот раст на трошоците за компаните ги усложнува состојбите бидејќи не можат да ги зголемуваат постојано цените на своите производи, а со намалувањето на приливите во компаниите под прашање е нивниот опстанок и рентабилноста.

-  Намалувањето на профитот за компаниите ги намалува средства за редовно одржување и обнова на технологијата. Неизвесноста е најголема пречка за развој на економијата, а со траењето на конфликтот, кој не се знае кога ќе заврши, состојбите не очекуваме да се стабилизираат наскоро. Ова негативно се одразува и врз отворањето нови фирми, кои би привлекле нови вработувања, но и  тоа е под знак прашалник поради кризата. Дополнително имаме врботени кои одат во пензија, но дали на нивно место се вработуваат нови лица е неизвсно, особено поради кризата поради која компаниите помалку вложуваат во нови човечки ресурси – потенцира Димитров. 

Петранка Огнаноска

Можеби ќе ве интересира

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници