КАДЕ ГО ИМА ТОА: Летување на „Македонски Кариби“ за малку пари
Објавено во: Балкан 30 Август, 2016
Летување за малку пари. Како никогаш досега Грција не била пристапна за туристите.
Туристичките агенции подготвија и летово понудија навистина богата понуда за летувања. Грција и оваа година беше дестинација број еден за туристите. Понудите на агенциите со превоз и сместување се движеа од неверојатни 50-90 евра во претсезона, до 300 евра во шпицот на сезоната. Цените важеа и важат за крајбрежјата и островите кои се во понизок ценовен ранг а сепак се многу убави.
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2016/05/19/letuvane-za-100-evra-eve-kade-mozhete-da-uzhivate-letovo-za-dhabe/" target="blank" ]ЛЕТУВАЊЕ ЗА 100 ЕВРА: Еве каде можете да уживате летово за „џабе“![/button]
Македонците, најчесто летуваат во Грција поради убавите песочни плажи и ниски цени. Повеќе од 80 отсто од туристите им даваат предност на аранжмани со автобуски превоз и летување на северот од Грција.
Обожавателите на Халкидики може да избираат помеѓу индивидуални и организирани групни заминувања до најубавите делови на север, Ситонија, Касандра и Атос.
[button color="orange" size="medium" link="18 неверојатно убави места за летување во Грција" target="blank" ]http://faktor.mk/2016/05/28/kade-letovo-18-neverojatno-ubavi-mesta-za-letuvane-vo-grtsija/[/button]
Цените вонпансионска потрошувачkа варираат од место до место, но немојте да се изненадите ако многу пати подобро поминете со цените во ресторани , таверни, и кафе барови отколку во Скопје.