Јужноафриканскиот сој поуспешно ја пробива одбраната од вакцината на Фајзер отколку другите
Објавено во: Свет 13 Април, 2021 09:39
Јужноафриканска варијанта на коронавирусот е поуспешна во „пробивањето“ на одбраната на вакцината Фајзер отколку другите претходно познати варијанти, објавија израелски научници.
Студија на Универзитетот во Тел Авив и најголемиот израелски давател на здравствени услуги биле вклучениа 400 невакцинирани лица заразени со коронавирус и 400 целосно или делумно вакцинирани лица, кои исто така се заразиле.
Резултатите од студијата покажале дека јужноафриканската варијанта е одговорна за помалку од еден процент од случаите на инфекција во Израел, но она што е факт е дека „меѓу луѓето кои биле целосно вакцинирани, но сепак биле заразени“, преваленцата на јужноафриканската варијанта била осум пати поголема отколку кај невакцинираните, покажува студијата.
„Ова значи дека вакцината Фајзер/БионтекPfizer, иако обезбедува висока заштита, сепак не обезбедува такво ниво на заштита од јужноафриканската варијанта B.1.351“, се додава во студијата.
„Варијантата од Јужна Африка е, до одреден степен, способна да ја пробие заштитата на вакцините“, рече еден од авторите на студијата, професорот Ади Стерн од универзитетот во Тел Авив.
Две студии откриваат дека нивото на антитела по вакцинирањето е помало кај луѓето кои биле изложени на јужноафриканската варијанта.
Израелската студија е прва што ја проценила можноста на јужноафриканската варијанта да го „заобиколи“ дејството на вакцината.
Ран Балицер, раководител на одделот за истражување на Клалит и еден од авторите на студијата, изјави за АФП дека резултатите можат да помогнат во информирањето на другите држави за тоа како најдобро да се ублажат ограничувањата.
Израел досега вакцинираше околу пет милиони луѓе или повеќе од половина од населението со две дози.
Балисер рече дека вакцинирањето, носењето маски и други мерки веројатно помогнале да се запре ширењето на јужноафриканската варијанта и покрај фактот што очигледно може да ја пробие одбраната на вакцината Пфајзер.
Комбинацијата од овие три фактори, најверојатно, спречува варијанти на вируси, вклучително и оној од Јужна Африка, да се шират значително, заклучи тој.
Извор: Индекс.хр* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Американската војска во источниот Пацифик уништила брод за шверц на дрога, има жртви
(ВИДЕО) Украинците го погодија Грозни сити, а Русија се закани со одмазда
Сите чешми може да пресушат - овој град наскоро може да биде евакуиран
Индиски новинар го праша Путин дали жали за нешто во последните 25 години на чело на Русија
Тектонски промени во стриминг индустријата – Netflix еден чекор поблиску до најголемата аквизиција во историјата
„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност
Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници
Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна
Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?





