Јункер: Изборот на Трамп е фундаментален ризик за односите Европа - САД
Објавено во: Свет 12 Ноември, 2016
Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер изјави дека изборот на Доналд Трамп за претседател на САД претставува ризик за односите меѓу ЕУ и САД.
„Изненадувачки победник на изборите во САД е несоодветен за ЕУ и за тоа како работи“, изјави Јункер. „Изборот на Трамп претставува фундаментален ризик за интерконтиненталнтеи односи во нивната основа и структура“, додаде тој, пренесоа светските медиуми.
Јункер предупреди за последиците од изјавата на Трамп за безбедносната политика.
„Треба да го научиме што е Европа и како таа работи“, рекол тој. „Мислам дека ќе поминат две години пред Трамп да го обиколи светот, кој не го познава“, смета претседателот на ЕК.
Предупредувањето на претседателот на Европската комисија дојде набргу откако самиот тој и останатите европски лидери го поздравија Доналд Трамп за изборната победа. За време на предизборната борба новиот претседател го стави под прашање американскиот ангажман за безбедноста на сојузниците од НАТО, кои не плаќаат доволно за одбрана. Друго што ги вознемири Европејците, е изјавата на Трамп, дека ќе го „откаже“ мировниот договор за ограничување на глобалното затоплување.