13 Мај, 2024
0.0273

ЈСП изнајмува автобуси на ВМРО ДПМНЕ за 40 евра

Објавено во: Економија 01 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

За партиски потреби, автобусите на ЈСП минатата година ги изнајмиле само две политички партии. Договори за изнајмување со ЈСП Скопје склучиле ВМРО –ДПМНЕ и ГРОМ. При тоа, ВМРО-ДПМНЕ склучило 12 договори, додека ГРОМ склучиле 5 договори. Договорите се склучени од јануари до крајот на ноември минатата година. Сепак, интересно е дека иако во средината на ноември, можеше да се види дека и ДУИ на партиски митинг превезуваше свои симпатизери со автобуси на ЈСП, сепак од јавното сообраќајно претпријатие не посочуваат дека имаат склучен договор со оваа партија.  

Наташа Стојановска

За автобусите на ЈСП Скопје што ВМРО-ДПМНЕ ги изнајмувало за партиски потреби во просек плаќало по 40 евра од автобус, додека пак партијата ГРОМ во просек плаќала по околу 70 евра за изнајмен автобус. До ваквата пресметка на Фактор се доаѓа врз основа на официјалните податоци добиени од Јавното сообраќајно претпријатие.

ВМРО –ДПМНЕ изнајмило 185 автобуси за 7.330 евра. ГРОМ изјамиле 15 автобуси за 1.000 евра

Од ЈСП Скопје информираат дека минатата година, односно од јануари до крајот на ноември ВМРО-ДПМНЕ платило вкупно 7.330 евра за изнајмување на автобуси. При тоа, изнајмени бил 185 автобуси.

Тоа значи дека ВМРО –ДПМНЕ во просек плаќало по 40 евра од изнајмен автобус. Автобусите се изнајмени во периодот до крајот на ноември.  А ВМРО ДПМНЕ во ово период склучило 12 договори.  

Нешто поскапо ги за изнајмените автобуси плаќале од политичката партија ГРОМ. Односно за нив во просек цената била 68 евра. Па така, поличката партија ГРОМ, за изнајмените 15 автобуси платила вкупно 1.020 евра.

ГРОМ н Стевче Јакимовски, во пеериодот од јанууари до крајот на ноември минатата година склучило 5 договори.

Од ЈСП – Скопје велат дека цените за изнамување на автобусите се утврдени.

„Цената се дефинира исклучиво согласно Одлуката за цените на договорниот превоз“,велат од ЈСП Скопје.

ДУИ на партиски митинг превезуваше симпатизери со автобуси на ЈСП.

Иако, на партискиот минитнг на ДУИ, што се одржа на средината на ноември, пред последните парламентарни избори минатата година, симпатизерите на оваа партија се превезуваа со автобуси на ЈСП, сепак, сега од јавното сообраќајно претпријатие посочуваат дека во периодот од јануари до 30 ноември договори склучиле само со ВМРО-ДПМНЕ и ГРОМ.

Нејасно е како тогаш во ноември минатата година ДУИ ги користеше автобусите на ЈСП за партиски цели а тогаш од ЈСП посочија дека автобусите и биле изнајмени на партијата. Иако медиумите тогаш бараа одговори за која цена ДУИ ги изнајмила автобусите и колку автобуси биле изнајмени, ЈСП не даде образложение, а зачудува што и сега во официјалните одговори за Фактор, не се споменува договор со оваа партија, иако периодот за кој се побарани податоците се совпаѓа со периодот во кој ДУИ ги користеше автобусите на ЈСП.


Можеби ќе ве интересира

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?