ЈП Водовод и Канализација – Скопје ги подобрува канализациските мрежи во Чаир
Објавено во: Мои пари 16 Октомври, 2019
ЈП Водовод и Канализација – Скопје, продолжува со инвестицискиот процес за подобрување на канализациските мрежи во град Скопје, овојпат во општина Чаир, на улица Дижонска број 7.
Инвестицијата се однесува на реконструкција на постоечката фекална канализација и поставување на новопроектирана, соопштуваат од П Водовод и Канализација – Скопје.
Новопроектираниот дел ќе се изведува на дел во должина од 120 метри, а реконструкцијата на фекалната канализација ќе се изведува на дел во должина од 82.72 метри, каде ќе се изврши замена на старите постоечки цефки и шахти. Вкупната инвестиција изнесува приближно 5 милиони денари.