Јовески: Се собираат докази за Русковска
Објавено во: Македонија 16 Септември, 2022 13:15
Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески вели дека „треба да се обезбедат определени докази и за нив да се изјаснат обвинителите опфатени со постапката“ за суспензијата и дисциплинската постапка за шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Вила Русковска.
- Комисијата за дисциплинска одговорност го разгледа предлогот за покренување дисциплинска постапка и колку што сум информиран по тој предлог донесе решение за поведување дисциплинска постапка. Натаму знаете, во самата постапка треба да се обезбедат определени докази и треба да се произнесат јавните обвинители за кои се води оваа постапка, изјави Јовески.
Ова тој го одговори на новинарско прашање дали има новини во однос на дисциплинската постапка за Рускоска.
Минатиот месец е донесено Решение за оддалечување од функцијата на шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




