05 Мај, 2024
0.0259

Јовески: Процесот ќе заврши до крајот на денот, следните денови ќе бидат познати обвинителите

Објавено во: Македонија 13 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Љубомир Јовески, републичкиот јавен обвинител, по консултациите со Специјалното јавно обвинителство на самото место, очекува до крајот на денот да бидат пренесени сите материјали од обвиненијата и истрагите во Основното јавно обвинителство до крајот на последниот работен ден од мандатот на специјалната обвинителка Катица Јанева, која во моментов е во притвор како осомничена во случајот „Рекет“.

„Очекувам до крајот на денот процесот на превземање на предметите да заврши. Следната недела ќе продолжи споредбата на списите во секој конкретен предмет.  По превземањето на предметите во надлежност на ова јавно обвинителство тие се оставени понатаму кај јавниот обвинител кој дотогаш постапувал по предметот.  Обвинителството дополнително ќе утврди следните денови кој ќе постапува по предметот“, рече Јовески пред новинарите.

Тој наведе дека некои од предметите ќе имаат приоритет во процедурата и дека тековните судски рочишта само за кусо време ќе бидат одложени.

„Ќе видиме кое обвинителство е конкретно надлежно стварно и месно по тој предмет и кој обвинител ќе биде назначен. Рочиштата ден-два ќе се одложат. Ќе им дадеме приоритет на распределбата на предметите кои сега се во фаза на судење или обвинителството треба да превземе некои итни и неодложни дејствија по тие предмети“, тврди државниот обвинител.

За иднината на обвинителите од СЈО вели дека нивните претходни работни места им се во мирување.

„Сите обвинители полномошници на специјалниот јавен обвинител ќе им мируваат функциите од обвинителствата од кои доаѓаат, тие имаат такви решенија. Советот на јавни обвинители во најскоро време ќе го реши нивниот статус.“, вели Јовески.

Потврди дека Јанева се на се испратила три писма и истите се доверливи бидејќи оделе преку официјален канал на комуникација, односно не бил потребен нотар да ги завери.

„Станува збор за три писма, од кои едно упатено до СЈО и две до ЈО. Ние не се сомневаме во вистинитоста на тие писма бидејќи се остваруваат преку судијата на претходна постапка, односно на Кривичен суд Скопје, и казнено-поправната установа“, истакна тој на крајот.

Можеби ќе ве интересира

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ