24 Април, 2024
0.0284

ЈЕТОН ШАЌИРИ: Ни една институција не ги одби „рамковно“ вработените, дел од нив се веќе успешни и унапредени, се бара решение за оние во Пазарен инспекторат

Објавено во: Македонија 08 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Министерот за информатичко општество и администрација, Јатон Шаќири, тврди дека од аспект на Министерството за информатичко општество и администрација, досега се завршени процедурите во сите институции за сите вработени кои беа предвидени со К5 програмата.

Односно, станува збор за околу 1.300 вработени кои беа вработени според Рамковниот договор, и за кои неодамна се донесе закон да мора да се распределат по соодветните државни институции, со таканаречената К5 програма.

„Важно е да се истакне дека најголем број од вработебните врз основа на оваа програма веќе почнаа со работа во соодветните институции. До МИОА не пристигна ниту еден допис од ниеедна институција која одбила да ги трансферира кај неа тие вработени. Од комуникацијата со Министерството за политички систем знаеме дека овој процес се ближи до крајот. Значи, нема никој што не ги прифаќа тие вработени“, рече Шаќири на прес-конференција.

Тој додаде дека чекаат некои институции да ги завршат годишните планови за вработување. 

„Она што ме радува и што е факт е дека дел од вработените во тие институции почнаа да работат, а дел се и унапредени, на пример, од административци, во инспектори“, рече Шаќири.

Има информации дека оние вработени што беа префрлени во Државниот пазарен инспекторат, не биле соодветни за тие работни места.

Шасивари тврди дека е во постојана комуникација со директорот на ДПИ, Стојко Пауновски, за да се најде решение за нив,

„За Пазарниот инспекторат, ние со директорот сме во комуникација, бидејќи за дел од вработените се предвидува да бидат администрација или да се распределат по соодветните градови. Се уште немаме дефинитивен одговор што ќе се случува со одреден број од вработените, но дискутираме со директорот како успешно да ги распоредиме“, рече Шаќири.

На прашањето каде всушност се распределени „рамковно вработените“, Шасивари рече дека знае дека тие веќе се распределени во институциите основани од Владата, Парламентот и од локалната власт. Има распределени и во МВР. 

Но не може да се каже во која институција точно. 

Инаку, со законот кој беше донесен, се уреди постапката за мобилност преку преземање на нераспоредените административни службеници од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, вработени преку програмата за соодветна и правична застапеност, Програма К-5 во органите на државната и на локалната власт и други државни органи основани согласно со Уставот и со закон и во институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Северна Македонија или од општините, од градот Скопје, како и од општините во градот Скопје. Овој закон ги опфаќа вработените кои засновале работен однос заклучно со 31 декември 2019 година.

Инаку, според министерот Шаќири, на крајот на минатата година во јавниот сектор во земјава биле вработени 131.183 лица, во 1.332 институции во земјава. Тоа е намалување за 1.717 вработени, тврди Шаќири. 

Но, нема намалување во здравството, кое зафаќа 32 отсто од вработените, детската и социјалната заштита, и високото образование, туку таму се зголемува бројот на вработените.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција