16 Декември, 2025
0.0637

Јетон Шаќири на местото на Манчевски: ДУИ го избра министерот за администрација

Објавено во: Македонија 22 Август, 2020 07:55

Добивај вести на Viber

Јетон Шаќири е предлот на ДУИ за нов министер за информатичко општество и администрација, дознава Фактор од партсики извори. Шаќири кој е од Струга моментално е пратеник во новиот собраниски состав. Тој е професор на Меѓународниот универзитет во Струга и беше директор на Водовод и канализација од Струга, некогашна Проаква.

Шаќири важи за човек од доверба на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, а сега ја добил поддршката во партијата да биде и иден министер

Инаку Министерството за информатичко општество и администрација доби министер од ДУИ по коалициониот договор кој го постигнаа лидерите на СДС и на ДУИ Зоран Заев и Али Ахмети за новиот владин состав. Иако беа објавени имињата за сите министерства, ова место остана празно се досега.

Освен ова, ДУИ ги доби и Министерството за надворешни работи, за животна средина, за економија, за финансии. ДУИ ќе делегира и прв вицепремиер и министер за политички систем за кое место сега е предложен Артан Груби. 

Извори од ДУИ брифираа дека првичниот предлог во министерското столче во Информатичко општество и администрација да седне Ширет Елези, досегашната заменик министерка за финансии, не бил прифатен на Централниот совет.

Според објавените предлози во новата Влада министер за финансии ќе биде Фатмир Бесими, за економија останува Крешник Бектеши, за животна средина Насер Нуредини, за надворешни работи предложен е Бујар Османи.

А.Т.

 

Можеби ќе ве интересира

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

ИСКОПУВАЛЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ: МВР најде метални детектори и кутија со 43 златни и сребрени монети

ИСКОПУВАЛЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ: МВР најде метални детектори и кутија со 43 златни и сребрени монети