ЈЕРМАК ИМА ГОЛЕМА МОЌ: Дали Зеленски паѓа во сенка?
Објавено во: Свет 11 Јуни, 2024
Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак добива поголема моќ.
Со Украина управува шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, пишува Тајмс, повикувајќи се на изјави на повеќе украински функционери за растечката моќ на Јермак.
Овој 52-годишник од претходно го опишуваат како „десната рака на Зеленски“ и „вистинскиот моќник во Украина“, но, според изворите на Тајмс, тој во меѓувреме станал повеќе од тоа.
Такер, кој претходно работел како активист на Амнести интернешнал за Украина, тврди дека разговарал со припадници на „владата, војската, органите за спроведување на законите и дипломатски извори“, од кои многумина барале анонимност. Јермак го опишува како „најголемата мана“ на Зеленски, а неговото однесување како „жед за моќ“.
Според Дарија Калењук, извршната директорка на Акцискиот центар за борба против корупцијата, „големата грешка на Зеленски е што толкав авторитет му доверил на Јермак, кој очигледно е опиен од власта“.
Воени функционери го обвинуваат Јермак дека го отпуштил генералот Валериј Залужни во февруари, бидејќи го сметал за ривал.
Портпаролот на кабинетот на Зеленски го негира тоа, тврдејќи дека Залужни не е отпуштен, туку унапреден во амбасадор во Британија, „што значи дека ужива повисоко ниво на доверба“.
Портпаролот на претседателскиот кабинет, кој го предводи Јермак, ги отфрла сите критики на сметка на шефот на кабинетот како „пропагандни напади“.
„Зеленски е тој кој ги носи сите клучни одлуки“, инсистира портпаролот.
Јермак е поранешен филмски продуцент кого Зеленски, комичарот кој стана претседател, го доведе во владата во 2019 година.
Инаку, украинскиот претседател Зеленски и германскиот министер за одбрана Борис Писториус ги посетија украинските војници кои се обучуваат за користење на системот за воздушна одбрана Патриот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.