26 Април, 2024
0.0358

Јавната администрација најмногу потфрли кај германските инвеститори. Најзадоволни се од цената на трудот

Објавено во: Економија 19 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Од 15 земји во Источна Европа во кои што има германски стопански комори, германските инвеститори се убедливо најнезадоволни од Македонија во мисењето за јавната администрација. Од сите други економски параметри, овдека нашата земја е најзакована на дното со само 3 отсто задоволни и дури 85 отсто незадоволни и многу незадоволни. Македонија е многу поценета од германските бизнисмени во делот на субвенциите и достапноста на висококвалификуваниот кадар.

Студијата е дел од истражувањето спроведено од 15 германски надворешно-трговски комори во регионот и Македонија во сите споредби со Полска, Унгарија, Чешка, Словачка, Романија, Литванија, Естонија, Летонија, Словенија, Хрватска, Бугарија, БИХ, Србија и Албанија ретко кога се одвојува од последнорангираните. Опфатени се 1.373 германски компании во овој дел од континентот.

Во ова севкупно истражување се земаат предвид и резултатите на Македонско-Германското стопанско здружение, од каде што пред извесно време беше оценето дека економска ситуација во земјата 5 отсто од компаниите ја оцениле како добра, а 56 ја оценуваат како лоша а 39 проценти како задоволителна. Само 10% од испитаните компании со германски капитал во Македонија развојот во сопствената бранша го оценуваат како добар, 49 проценти се задоволни, 41 отсто го оценуваат како лош. Годината започна веќе со неколку нови инвестиции од Германија, а 76% од испитаните компании повторно би инвестирале во земјата.

Од професионаното образование на работниците немало ниту еден презадоволен германски инвеститор, а само 8 отсто биле задоволни, но и на ова поле Македонија е меѓу последните, исто како и за прашањето за образованието за кое 23 отсто од германските управитеи се задоволни, а 20 отсто се незадоволни, додека екстремите од многу задоволни и многу незадоволни се незабележителни.

За даночниот систем има дури 27 отсто многу незадоволни, односно повеќе од една четвтина, но затоа има и два посто презадоволни, а на ова поле предничат Естонија, Бугарија, Унгарија и Литванија. Од даночните зафати има многу повеќе незадоволни, односно 34 отсто наспроти само 2 отсто задоволни и исто толку презадоволни.

Македонија е меѓу последните во очите на германските претприемачи и кај политичката и социјалната стабилност, но барем нешто подобро им е мислењето од нивните колеги-сонародници од Хрватска, Албанија, БИХ и Романија. 

Земјата добро стои на полето на транспарентноста во јавните набавки, некаде на средината, но со повоќе од половината испитаници незадоволни е далеку од Естонија каде што безмалку половина се задоволни и многу малку со спротивно гледиште.

Перцепцијата за правната сигурност во Македонија е на дното со огромно мнозинство незадоволни, исто како и БИХ и Хрватска. Слична е ситуацијата и во (не)предвидливоста на економската политика, борбата со корупцијата, инфраструктурата

Најзадоволни во Македонија се од субвенциите. Земјата овој пат е со среден пласман, а дури 8 отсто се презадоволни и исто толку задоволни. Тука подобри сме и од земји како Унгарија и Словачка. Истото важи за достапноста на висококвалификуваниот кадар, а зад нас се Словенија, Бугарија и Чешка.

Убедливо најзадоволни од нас споредено со другите дестинации од Источна Европа е цената на трудот. Само тука Македонија е во најгорните земји со 22 отсто задоволни испитаници.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра