14 Декември, 2025
0.0541

ЈАС СУМ РУСЛАН, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УКРАИНА Е ЗЕЛЕНСКИ - Дали пратеничката Калеска - Ванчева знаеше со кого се сретна?

Објавено во: Македонија 26 Мај, 2023 16:01

Добивај вести на Viber

Гаф, грешка во протокол, грешка во превод или што? 

Пратеничката Снежана Калеска-Ванчева од СДСМ ја бранува јавноста денеска со својата објава на социјалната мрежа „Фејсбук“ каде постави слика на која е сликана заедно со „Олександар Турчинов, спикер на Врхованта рада, кој воедно ја извршува привремено и функцијата Претседател на Украина“. 

Фотографијата веројатно ќе поминеше незабележана, доколку на истата не реплицираше човекот кој се сликал со Калеска-Ванчева и кој укажува оти ем му го згрешила името, но и неговата функција. 

- Драга Снежана. Ми беше мило што се запознавме. Но, моето име е Руслан Стефанчук. Јас сум спикер во украинскиот Парламент. Претседател на Украина е Володомир Зеленски - пишува во коментар под објавата на фотографијата на нашата пратеничка. 

Пратеничката не ја избриша фотографијата, туку само го измени описот, но не доволно брзо за нејзината грешка да не биде забележана и од самиот Стефанчук и од многу други Украинци и Македонци.


На оваа „грешка“ реагираше и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски кој оваа ситуација ја нарече не е само лично резилење на пратеничката, туку и девалвирање на македонското Собрание во целина.

Од дипломатските активности на пратениците на СДСМ издвојуваме уште еден „бисер“ кој докажува дека нивното про-форма фотографирање за време на патувањата во странство нема политичка содржина, ниту реална корист за Македонија. Напротив. Да не му го знаеш ниту името, ниту функцијата на оној со кого се фалиш дека ти е пријател и со кого имаш блиц фотографија не е само лично бламирање, туку и девалвирање на македонското Собрание во целина. Во случајов ваквата површност е и понижувачка за Претседателот на парламентот на Украина - реагира Милошоски.

Неговиот пост ви го пренесуваме целосно:


Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина