20 Јуни, 2024
0.0282

„ЈАС НЕ ГО ИЗБРАВ ГАШИ ЗА СПИКЕР, ИСТО КАКО ШТО НЕ ГО ИЗБРАВ АПАСИЕВ ЗА СОРАБОТНИК НА КАТИЦА ЈАНЕВА И ДА ГИ ДОНЕСЕ ЗАЕВ И ЏАФЕРИ НА ВЛАСТ“: Владо Јовановски распали за лидерот на Левица

Објавено во: Македонија 30 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

На социјалните мрежи деновиве има многу вербални пресметки помеѓу неистомисленици. Па така, лидерот на Левица, Димитар Апасиев објави фотографија од актерот Владо Јовановски и оперскиот пејач Игор Дурловски од 27 април, кога се случи упадот во Собранието, и на фотографијата монтираше текст „Е тука ќе седи Гаши.“

На оваа негова објава се огласи актерот Јовановски.
Претседателот на Левица и поклоник на ликот и делото на Енвер Хоџа, господинот Димитар Апасиев, злоупотреби една фотографија на која сум јас и маестро Игор Дурловски.

Ходочасникот кој одеше на поклонение на гробот на албанскиот диктатор, стави коментар на сликата:

Е ОВДЕ ЌЕ СЕДИ ГАШИ!

Кога ми јавија дека на ф.б. се проширила таква манипулација со мојот лик и ликот на мојот другар, брат и соборец, Дурловски, одреагирав со иста мера на провокацијата, постирајќи ја истата со текст:

Е ОВДЕ НЕМА ДА СЕДИ ДИМИТАР АПАСИЕВ!

Сепак недоволно за да се ублажи штетата што ни беше нанесена.

До тогаш па и сега, не ја имам гледано конститутивната седница на собранието на Р.М. ниту пак знаев на кој јазик зборувал Африм Гаши.

Секако дека требало да зборува на Македонски јазик, кој е официјален јазик во Р. М. и основен код за разбирање помеѓу Македонскиот народ и сите други етнички заедници.

Но нејсе, ниту јас го избрав Гаши за спикер, ниту се согласувам со него на оваа многу значајна тема.

Исто како што не го избрав јас Апасиев за соработник на Катица Јанева, ниту го праќав во шарената револуција, да ги донесе Заев и Џафери на власт, а со тоа и сите погубни договори за Македонија.

Се' она, против кое ние од "Заедничка Македонија", се боревме и се обидувавме да го спречиме.

Но нејсе, Апасиев си доби лајкови на постот, извртувајки ја вистината, со што неговата суета е задоволена.

Неговите следбеници кои се очајни зашто се опозиција заедно со СДС и ДУИ, ја истурија целата нивна несреќа на мојов ѕид и толку.

"Секое чудо за три дена"!

Се' до следниот егзибиционистички пост или настап на Енверистот, Аџи Димче - идолопоклоник!

Штета за "Аџијата"...

Јас никогаш не сум ја разбирал политиката, без етика и без морал“ напиша тој на фејсбук.

Можеби ќе ве интересира

Борко Ристовски поднесе оставка во РК Вардар за да биде министер

Борко Ристовски поднесе оставка во РК Вардар за да биде министер

ТИРЗ се сели на друга адреса и набавува мебел за 500.000 евра

ТИРЗ се сели на друга адреса и набавува мебел за 500.000 евра

„ЛУЃЕТО МИ ВЕЛАТ, ВИЕ ЦЕЛ ЖИВОТ СЕ ЗЕЗАТЕ И ПАРИ ПРАВИТЕ“: Бубо Каров искрено во поткастот на Фактор - „Бизнис муабети“

„ЛУЃЕТО МИ ВЕЛАТ, ВИЕ ЦЕЛ ЖИВОТ СЕ ЗЕЗАТЕ И ПАРИ ПРАВИТЕ“: Бубо Каров искрено во поткастот на Фактор - „Бизнис муабети“

ПРЕМИЕРОТ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЌЕ СЕ НАЈДЕ ВО МНОГУ НЕПРИЈАТНА ПОЗИЦИЈА КОГА ЌЕ СЕ СРЕТНЕМЕ НА НАТО САМИТОТ: Мицотакис му се „закани“ на Мицкоски

ПРЕМИЕРОТ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЌЕ СЕ НАЈДЕ ВО МНОГУ НЕПРИЈАТНА ПОЗИЦИЈА КОГА ЌЕ СЕ СРЕТНЕМЕ НА НАТО САМИТОТ: Мицотакис му се „закани“ на Мицкоски

ЈП „Национални шуми“ нема да учествува во гаснењето на пожарите

ЈП „Национални шуми“ нема да учествува во гаснењето на пожарите

Стружанец уапсен за изработка на лажни дипломи

Стружанец уапсен за изработка на лажни дипломи

ЖИВАТА ЌЕ СЕ ИСКАЧИ ДО 40 СТЕПЕНИ: Времето во следните денови

ЖИВАТА ЌЕ СЕ ИСКАЧИ ДО 40 СТЕПЕНИ: Времето во следните денови

МЛАД ВОЈНИК ПОЧИНАЛ НА „КРИВОЛАК“: Се пријавил за селективен курс за специјални сили, починал на последната дисциплина

МЛАД ВОЈНИК ПОЧИНАЛ НА „КРИВОЛАК“: Се пријавил за селективен курс за специјални сили, починал на последната дисциплина

ИМААТ ПРЕКРАСНИ ПЛАЖИ, НЕ БРЗААТ, АМА И НИКОГАШ НЕ ДОЦНАТ: Студент од Скопје раскажува како е да се волонтира на Аруба

ИМААТ ПРЕКРАСНИ ПЛАЖИ, НЕ БРЗААТ, АМА И НИКОГАШ НЕ ДОЦНАТ: Студент од Скопје раскажува како е да се волонтира на Аруба