ЈАПОНСКИОТ ГИГАНТ ТОШИБА ЈА НАПУШТА БЕРЗАТА ПО 74 ГОДИНИ: Завршено преземањето накомпанијата
Објавено во: Економија 21 Септември, 2023 12:59
Тошиба, една од најголемите и најстарите јапонски фирми,
треба да стави крај на својата 74-годишна историја на берзата, откако група
инвеститори купија мнозински удел.
Компанијата соопшти дека конзорциумот предводен од фирмата за приватен капитал Japan Industrial Partners купила 78,65 отсто од нејзините акции.
Поседувањето на повеќе од две третини од фирмата и овозможува на групата да го заврши договор за преземање во вредност од 14 милијарди долари (11,4 милијарди фунти), наведува BBC.
Kорените на компанијата датираат од 1875 година, како производител на телеграфска опрема. Според договорот, нејзините акции би можеле да бидат отстранети од берзата веќе на крајот на оваа година.
Компанијата сега ќе направи „голем чекор кон иднината со нов акционер“, рече претседателот и извршен директор на компанијата Таро Шимада, пренесува Би-би-си.
Акциите на Тошиба почнаа да се тргуваат во мај 1949 година кога повторно беше отворена Токиската берза, откако Јапонија излезе од уништувањето на Втората светска војна.
Нејзините оддели се движат од домашна електроника до нуклеарни централи, а со децении по Втората светска војна беше симбол на економското закрепнување на земјата и нејзината технолошка индустрија.
Во 1985 година, Toshiba го лансираше она што го опиша како „првиот лаптоп на масовниот пазар“.
ФОТО: EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMAМожеби ќе ве интересира
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји
Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје
„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз
(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“
Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?




