16 Мај, 2021
0.0229

Јапонски Nidek доаѓа во Нови Сад, вложувања од 1.5 милијарди евра, најмногу во Србија

Објавено во: Економија 09 Април, 2021

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека доаѓањето на јапонската групација Nidek, која во Нови Сад ќе изгради фабрика за погонски мотори за електрични возила, е голем ден за Србија, затоа што што ќе придонесе за развојот на градот и на целата земја, а верува и дека тоа е само почеток на јапонските вложувања во Србија, пренесува РТС

Вучиќ по состанокот со делегацијата рече дека ова е величествен подарок за Србија, и се заблагодари на сите кои работеа на тоа. Рече дека е многу важно што Србија на мал простор има два јапонски инвеститори, Tojo Tajers во Инџија и оваа нова инвестиција во Нови Сад. Вели дека ова само говори колку е Србија добра за инвестирање. Како што вели, Јапонците не одат било каде да инвестираат. 

„Ова е еден од проектите кои суштински ја менуваат нашата земја“, изјави Вучиќ и додаде дека на донесување на оваа инвестиција работеле подолго време. 

Вели дека Србија сега има две цели, да ја победи короната, и да има што поголем економски раст, за што се потребни инвестиции, посебно странски. Од инвестиците на Nidek кои се 1.5 милијарди евра, повеќе од половина ќе бидат во Србија. 

Само во првата фаза ќе бидат вработени 480 луѓе. Вучиќ верува дека ова е само 10 отсто од она што ќе вложат. Nidek во светот вработува 120.000 луѓе. Фабриката во Нови Сад ќе дојде до израз, затоа што до 2025 година, електричните автомобили масовно ќе се применуваат во Европа. 

Можеби ќе ве интересира

Инвеститорите во криптовалути треба да бидат подготвени да ги изгубат своите пари

Инвеститорите во криптовалути треба да бидат подготвени да ги изгубат своите пари

ЕДЕН РЕГИОН, ЕДНА ЕКОНОМИЈА

ЕДЕН РЕГИОН, ЕДНА ЕКОНОМИЈА

Бугарите штедат и во време на пандемија

Бугарите штедат и во време на пандемија

Иако е во сенка на златото, цената на среброто забрзано расте

Иако е во сенка на златото, цената на среброто забрзано расте

Хрватска ги отвора вратите за сезонците, можете да заработите до 1.200 евра

Хрватска ги отвора вратите за сезонците, можете да заработите до 1.200 евра

Мизо: Ризици постојат, ќе има зголемување, но тоа ќе биде далеку од онаа состојба во 2019 година

Мизо: Ризици постојат, ќе има зголемување, но тоа ќе биде далеку од онаа состојба во 2019 година

Советникот на Заев, Александар Обрадовиќ, поставен за директор на ЕЛЕМ Трејд

Советникот на Заев, Александар Обрадовиќ, поставен за директор на ЕЛЕМ Трејд

Кој му плати на Туџаров 440.000 евра: Првиот човек на Реплек продава акции од компанијата

Кој му плати на Туџаров 440.000 евра: Првиот човек на Реплек продава акции од компанијата

АНА-МПА: Заев со успешни средби со Хеленик Петролеум, нафтоводот може да се активира на лето

АНА-МПА: Заев со успешни средби со Хеленик Петролеум, нафтоводот може да се активира на лето