26 Април, 2024
0.0311

Јапонската цреша во чест на девет лица со оштетен вид

Објавено во: Мои пари 27 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Во Градскиот Парк во Скопје денеска, на зелената површина позади Фонтана, здравствената компанија Рош Македонија, во соработка со Универзитетската клинка за неврологија во Скопје, Македонското невролошко здружение, Секторот за комунални работи при Град Скопје - ЈП Паркови и зеленило, спроведе акција на садење на редок вид на декоративни дрвја, Јапонска Цреша (Sakura) во чест на лицата со ретката болест „Болести од спектарот на Неуромиелитис Оптика“ (анг. NMOSD, Neuromyelitis optica spectrum of disorders).

Активноста има за цел да ја подигне свесноста на населението и сите општествени чинители во државата за оваа ретка болест. Во Македонија живеат девет лица со оваа ретка болест и затоа, во чест на секој еден пациент, а за доброто на сите граѓани, денес се засадени девет дрвја од редок вид за нашите простори, декоративни Јапонски цреши. Воедно го одбележуваме и денот на NMOSD како ретка болест.

Болести од спектарот на Неуромиелитис Оптика, или скратено NMOSD се ретки, прогресивни, воспалителни заболувања на централниот нервен систем кои се карактеризираат со тешка демиелинизација, односно губење на обвивката на нервите, која посебно го напаѓа очниот нерв и ‘рбетниот мозок. Поради комплексноста на заболувањето, болеста кај овие лица најчесто се дијагностицира со потешкотии и задоцнето, кога болеста е напредната а соодветниот третман одложен или задоцнет, а притоа лицата завршуваат со инвалидитет, мускулна слабост, парализа и трајно слепило.

Јапонската цреша - Sakura, означува обнова и оптимизам во Јапонската култура. Дополнително, ретката убавина на овие цветови и краткото време на цветање симболизираат дека и живототистотака е убав но и краток, поради што секој треба да има можност да живее на свој начин и без лимити.

 „Целта на оваа иницијатива на Рош Македонија, како социјално одговорна фармацевтска компанија е подигнување на свесноста за ретката болест Болести од спектарот на Неуромиелитис Оптика со садење на редок вид на дрвја, односно деветЈапонски цреши, во чест на деветте пациенти кои боледуваат од ретката болест NMOSD. Со ова, сакаме да испратиме порака дека сите граѓани на град Скопје ќе може да уживаат во нивната различна убавина, но и сите ние заедно треба да бидеме спремни да им помогнеме на оние кои се соочуваат со ретки предизвици во животот, и да ја подигнеме нашата колективна свест и хуманост“ изјави Д-р Александра Ивановска, Директор на Рош Македонија. 

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“