Јапонците имаат метода против мрзливост и трае само една минута
Објавено во: Свет 31 Јануари, 2017
Во јапонската култура има техника Каизен која трае една минута.
Таа потекнува од зборовите каи - промена и зен - мудрост.
Суштината е секој ден во исто време една минута да се прави иста активност.
Ова никому не треба да биде тешко, дури и на најмрзливите луѓе.
Било да е тоа правење на склекови или читање на книга на странски јазик, активноста треба да се претвори во нешто што ви причинува задоволство и радост.
На ваков начин чекор по чекор ќе напредувате, ќе имате добри резултати и повеќе самодоверба.
Масаки Имаи, теоретичар на однесување и менаџмент ја измислил оваа техника и верува дека ќе даде резултати во деловниот свет и во приватниот живот.