ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ ЌЕ БИДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „ТИКВЕШ“ - промени во раководните структури на винаријата
Објавено во: Економија 23 Мај, 2025 15:05
Јане Јаневски ќе биде претседател на Надзорниот одбор на винарската визба „Тиквеш“, соопшти компанијата.
За таа цел тој поднесе оставка од функцијата член на Управен одбор.
„Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следниве измени во органите на управување. Акционерско друштво за производство и промет на вино ВИНАРСКА ВИЗБА – ТИКВЕШ експорт – импорт АД – Кавадарци известува дека на ден 23.05.2025 година е поднесена оставка од страна на членот на Управен одбор, Јане Јаневски поради поднесен Предлог за избор на членови во Надзорен Одбор“, се вели во објавената ценовно чувствителна информација.
А, во предлог одлуките за избор на членови на Надзорниот одбор на компанијата, од акционери е поднесено барање до Собранието на акционери, кое ќе се одржи на 30 мај, за член на Надзорен одбор на компанијата да се избере Јане Јаневски, син на првиот човек на компанијата, Светозар Јаневски.
Покрај Јане Јаневски, за членови на Надзорен одбор се предлагаат и Кристијан Поленак и Руди Лазаревски.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји
Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје
„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз
(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“
Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?




