ЈАЈЦА, КАМЕЊА И ВОДА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА НИШ - Драгослав Павловиќ беше нападнат од група учесници на вчерашниот протест
Објавено во: Балкан 22 Март, 2025 07:11
По враќањето од состанокот на членовите, градските и општинските функционери на Српската напредна партија во Офицерскиот дом во Ниш, градоначалникот на Ниш, Драгослав Павловиќ, беше нападнат од група учесници на денешниот протест, јави Бета.
Кон Павловиќ гаѓале со јајца и камења, еден маж го турнал, а друг го полил со вода.
Павловиќ не возвратил, а луѓето кои биле со него се обиделе да го заштитат покривајќи го со својата облека.
Видеото од нападот се споделува на социјалните мрежи.
Нападот се случил откако заврши протестот на студентите и граѓаните, а студентските редари се оддалечија од паркот пред Офицерскиот дом и околните улици.
Протестот на студентите и граѓаните на Ниш заврши околу 20 часот, додека средбата на членовите и функционерите на Српската напредна странка во Офицерскиот дом во Ниш заврши околу 19 часот и 30 минути.
Според неофицијални информации, на состанокот не присуствувале претседателот на Српската напредна странка, Милош Вучевиќ, претседателката на комитетите на белградската СНС, Ана Брнабиќ и претседателот на Извршниот одбор на СНС, Дарко Глишиќ.
Како што пренесе Бета, според неофицијални информации, градоначалникот на Ниш, Драгослав Павловиќ, ги известил присутните во Офицерскиот дом за отсуството на лидерот на СНС, а како причина навел „голем безбедносен ризик“.
Протестот се одвиваше со максимални безбедносни мерки, со бројни припадници на Жандармеријата и полицијата во паркот пред Офицерскиот дом и во соседните улици.
Офицерскиот дом во Ниш бил опкружен со метална ограда и не можело да се приближува поблиску од 150 метри.
И покрај големата оддалеченост, граѓаните со јајца фрлале по членовите на Српската напредна странка кои доаѓале на средба со раководството на СНС на улицата 7 Јули, а тоа се обиделе да го сторат и од другиот брег на реката Нишава.
МИАМожеби ќе ве интересира
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?




