28 Април, 2024
0.0340

ЈАДЕМЕ ПОВЕЌЕ ОВОШЈЕ ОД ДЕЛ ОД РЕГИОНОТ И ТРИПАТИ ПОМАЛКУ ОД ДОМИНИКАНЦИТЕ: Јаболкото е прв избор на граѓаните

Објавено во: Македонија 18 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Maкедонците јадат повеќе овошје од Србите, Црногорците и Словенците, помалку од Албанците и трипати помалку од жителите на Доминикана. 

Нашите граѓани годишно јадат по 136 килограми овошје и се на 15 место од 186 држави, покажуваат податоците на Ворлд популејшн ривју. Но, тоа е скоро тројно помалку од жителите на Доминикана, кои се убедливо први со 387 килограми изедено овошје годишно по жител. Од соседните земји, пред нас е Албанија со 190 килограми овошје по жител, а Црна Гора е зад нас со 123 килограми и Србија и Словенија со 110 килограми изедено овошје.

„Ние имаме наш овоштарник,  јадеме јаболка, круши, а преку зима си купуваме друго овошје. Децата повеќе јадат смоки, чипсови, не сакаат да јадат банани, а за тиква или некој друг тип на овошје ич да не зборуваме“, вели Струмка Бојковска, граѓанка. 

Граѓаните  објаснуваат дека се трудат да консумираат овошје, свесни за здравствените бенефити. 

„Јаболка, портокали, мандарини редовно консумирам. Младите повеќе се на брза храна, се правдаат дека немаат време“, вели Мирјана Јовановска, граѓанка. 

Според податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС), Македонците најмногу јадат јаболка. Во 2022 година, македонските семејства изеле 37,4 килограми јаболки, 6,9 килограми грозје и 25,4 килограми банани.

„Зависи од висината на примањата, но мислам дека јаболка сите јадат, купуваат, а за поскапи овошја како ананас поретко се фаќаме“, рече Славица Ѓорчевска, граѓанка. 

Лидија Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението на приватни лекари  вели дека ако исхраната не е добра, тоа ќе се одрази на здравјето на луѓето. 

„Овошје и зеленчук е битно да се јаде, имаат витамини и минерали кои се есенцијални. Ако не се внесуваат, ќе има недостиг на витамини. Добро е за косата, за ноктите, едноставно жената нема да функционира ако падне железото. Селен ако недостига, тиродината не е добра. Сите тие елементи се битни за опстанок на одредени органи. Јаболко да се касне барем едно во денот. Пептини содржи печеното јаболко, печената тиква. Сè е потребно овошје и зеленчук, од сè помалку, умерено да се внесува“, вели Чолакова Дервишова. 

Македонците сакаат и лубеници. Тие во 2022 година  изеле 24,9 килограми, исто толку портокали и само 11,3 килограми лимони. Во истиот период консумирале само 3,1 килограми круши. Луѓето најмалку јаделе цреши, односно само 1,4 килограми.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

ЛУКАРЕВСКА: Вредностите секогаш не обединувале, и кога било најтешко и кога е најважно, да не го потцениме моментот, сега е најважно

ЛУКАРЕВСКА: Вредностите секогаш не обединувале, и кога било најтешко и кога е најважно, да не го потцениме моментот, сега е најважно