ЈА СИЛУВАЛЕ ПОВЕЌЕ ЛИЦА-МОНСТРУОЗЕН НАСТАН ВО СТРУМИЧКО: Несреќната жена ја силувал сопругот со уште неколку мажи
Објавено во: Македонија 15 Јануари, 2022
Грозоморниот чин на сексуално насилство го пријавила сестрата на силуваната жена, која во полицијата пријавила
дека нејзината 44 годишна сестра ја силувал невенчаниот сопруг и уште неколку
други лица.
Од СВР Струмица велат дека жената која го пријавила случајот рекла дека врз нејзината 44-годишна сестра била извршена обљуба од Б.Н. од струмичко село, со кого таа невенчано живеела, и од уште неколку лица.
Се работи на расчистување на случајот, соопштија надлежните институции.