ЈА ПОСЕТИ И МАКЕДОНИЈА: Данец го прошета светот без да се качи во авион
Објавено во: Свет 09 Јуни, 2023 19:03
Данец стана првиот човек кој го пропатува светот без да лета со авион. Toj ja посетил и Македонија. Иако го почнал патувањето со голем ентузијазам, тој го завршил „уморно, особено психички“.
По скоро цела деценија патување, Данецот Торбјорн „Тор“ Педерсен стана првиот човек кој ја посети секоја држава во светот, без да патува со авион, пишува „Еј-би-си“.
Неодамна тој пристигна во својата последна држава, 203. по ред – Малдиви и со тоа го обележа крајот на својата авантура, која траела цели 3.512 дена.
„На некој начин, ова беше голем и успешен социјален експеримент. Не можам да се сетам на некоја земја каде што не добив некаква форма на љубезност или поддршка од луѓето“, вели тој.
Во меѓународната организација Обединети нации, моментално, членуваат 192 држави, но Педерсен вклучил и некои други „спорни“ дестинации во својата рута. Тој поминувал најмалку 24 часа во секоја држава, патувајќи пеш, со aвтомобил, автобус, воз или брод, вклучувајќи 37 контејнерски бродови.
Најдолго останал во Хон Конг – цели две години, поради пандемијата на коронавирусот. Тогаш, за првпат, помислил да се откаже од проектот.Фото: Фејсбук/Инстаграм/„Once Upon a Saga“
Можеби ќе ве интересира
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала




