29 Март, 2023
0.0247

РУШЕЊЕ РЕКОРДИ: Извршител заплени повеќе од 6 милиони евра од Министерството за финансии

Објавено во: Економија 30 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Извршителската канцеларија на Снежана Андреевска во седум трансакции на 9 јануари годинава наплатила 376.886.131 денари од Министерството за финансии. Овие 6.120.000 евра се рекордна наплата на извршител кога и да било од одредена државна институција, покажува платформата „Отворени финансии“.

Иако Министерството за финансии е должно кон јавноста да објасни кој е доверителот на кому му се должело во овој случај и за каков предмет е присилната наплата, од таму ја префрлаат одговорноста на Државното правобранителство.

„Во врска со доставеното прашање Ве информираме дека Министерството за финансии, односно Трезорот, постапил врз основа на законските прописи, а врз основа на донесена првостепена одлука од Основниот граѓански суд Скопје и второстепена од Апелацискиот суд Скопје. Односно МФ согласно Упатство за присилна наплата, во случајот постапило по доставена спецификација од страна на НБРСМ изготвена врз основа на налог за извршување на извршител Снежана Андреевска. Во однос на основот за присилната наплата, посочуваме дека информации може да се обезбедат од Државното правобранителство“, велат од таму.

Од Државното правобранителство, орган кој инаку треба да го штити имотот и материјалните интереси на државата, велат дека не се запознаени со случајот.

„Државното правобранителство на Република Северна Македонија, појаснува дека од страна на Државното правобранителство на Република Северна Македонија не се наплатени средствата кои ги наведувате, а ако е должник Министерството за финансии средствата се симнати од нивната сметка и Државното правобранителство нема податоци за тоа. Државното правобранителство на Република Северна Македонија на иницијатива на институциите води соодветни постапки по разни основи. Од податоците кои ги наведувате Државното правобранителство на Република Северна Македонија неможе да утврди за која постапка или постапки се работи,  и не се знае кој е основниот долг по кој е иницирана постапката, ниту доверителот“, гласи одговорот на Државното правобранителство.

Народна банка, од каде е изготвена спецификацијата, по извршителскиот налог за заплена од Трезорот, велат дека доверителот им е непознат и не се запознати со детали за случајот, односно тврдат дека информацијата не е од јавен карактер и подлежи на законски ограничувања.

„Ве известуваме дека Народната банка, во спомeнатата постапка, врз основа на податоците и информациите содржани во налогот за извршување доставен од извршител, во согласност со прописите само изготвува пресметка на износот за кој треба да биде задолжена сметката на должникот и истата ја доставува за извршување до Трезорот на Министерството за финансии или Трезорот на Фондот за здравствено осигурување. На овој начин Народната банка постапила и во случајот со примените налози од извршителската канцеларија на Снежана Андреевска“, стои во одговорот од Народна банка.

Сите заклучоци водат кон неуспешната конфискација на „Трансмет“, во која минатата година се испостави дека дел од имотот на бизнисменот Сеад Кочан, осуден во Труст, е префрлен на име на Пуцко Петрол. Со години најавуваната конфискација на имотот на „Трансмет“ во вредност од 17 милиони евра, со која требаше да се обесштети државата поради наместен тендер во РЕК „Битола“ во 2011 година, се претвори во пародија на механизмот конфискација. Имотот, кој требаше да е на име на државата, според претходни медиумски информации, постојано се раскрчмува преку извршители бидејќи предност да си ги наплатат побарувањата имаат други доверители, како фирми и банки. Лани се испостави дека додека траела судската постапка против Сеад Кочан во случајот на СЈО, „Труст“, трети лица стекнале право на дел од имотот на компанијата, иако тој прво беше замрзнат, а потоа и конфискуван од судот, на барање на обвинителството.


Во моментов институцијата Државен правобранител е испразнета, откако Фехми Стафа на крајот од август лани беше разрешен од Владата под контроверзни околности. Инаку, извршителите вопоследниот извештај во 2021 успеале да наплатат вкупно 20,2 милиони евра од државата.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Деспотовски: „Филмскиот град“ во Скопје на Малкович сака да гради и станови

Деспотовски: „Филмскиот град“ во Скопје на Малкович сака да гради и станови

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Свиркачи за Credit Suisse: Швајцарската банка им помагала на богатите Американци да избегнуваат даноци со години

Свиркачи за Credit Suisse: Швајцарската банка им помагала на богатите Американци да избегнуваат даноци со години

ТОАЛЕТНАТА, ВЛОШКИТЕ, ПЕЛЕНИТЕ И ВЛАЖНИТЕ МАРАМЧИЊА СО ПОНИСКИ ЦЕНИ ЗА 13 ОТСТО: Бектеши потврди, се замрзнуваат цените на овие производи

ТОАЛЕТНАТА, ВЛОШКИТЕ, ПЕЛЕНИТЕ И ВЛАЖНИТЕ МАРАМЧИЊА СО ПОНИСКИ ЦЕНИ ЗА 13 ОТСТО: Бектеши потврди, се замрзнуваат цените на овие производи

ПРАШАЛ КАКО ДА НАПРАВИ БИЗНИС ЗА 100 ДОЛАРИ И ДА СЕ ЗБОГАТИ ЗА МИГ? Момче го искористило ChatGPT - погледнете колку заработил

ПРАШАЛ КАКО ДА НАПРАВИ БИЗНИС ЗА 100 ДОЛАРИ И ДА СЕ ЗБОГАТИ ЗА МИГ? Момче го искористило ChatGPT - погледнете колку заработил

РЕНМИНБИ ИЛИ ЈУАН Е ПЕТТА НАЈАКТИВНА ТРАНСАКЦИСКА ВАЛУТА ВО СВЕТОТ: Глобалниот статус на Јуан продолжува да расте

РЕНМИНБИ ИЛИ ЈУАН Е ПЕТТА НАЈАКТИВНА ТРАНСАКЦИСКА ВАЛУТА ВО СВЕТОТ: Глобалниот статус на Јуан продолжува да расте

Кои се најголемите извозници на струја од Македонија?

Кои се најголемите извозници на струја од Македонија?

КРИЗАТА СТАСА И ВО ЏЕБОВИТЕ НА ЕВРОПЕЈЦИТЕ: Половина од нив стравуваат дека нема да можат да си ги платат сметките

КРИЗАТА СТАСА И ВО ЏЕБОВИТЕ НА ЕВРОПЕЈЦИТЕ: Половина од нив стравуваат дека нема да можат да си ги платат сметките

Ковачевски: Институциите да ги испитаат сите аспекти од договорот за изградба на автопатиштата

Ковачевски: Институциите да ги испитаат сите аспекти од договорот за изградба на автопатиштата