05 Декември, 2025
0.0933

Извршител „му скина“ 2,2 милиони евра на Министерството за финансии, причините се таинствени

Објавено во: Економија 17 Август, 2021 07:25

Добивај вести на Viber

Извршителот Дашмир Саити наплатил милион евра само од камата од Министерството за финансии, но од таму не се расположени да образложат за кој судски спор станува збор и кој е доверителот во овој случај. Од таму не се нешто посебно расположени да одговорат на испратените новинарски прашања и да дадат објаснување по повеќе од десет изминати дена, што оди во прилог на констатацијата дека колку повеќе една владеачка гарнитура е на власт, толку поголеми се шансите да се намалува транспарентноста.

На сметката на извршителот од Тетово на почетокот на јули биле исплатени од Министерството за финансии 59.774.825 денари. За основниот долг се исплатени 76.651.656 денари, додека наградата за извршената наплата е 746.860 денари. Вкупната исплата на 7 јули е 137 милиони денари, или над 2,2 милиони евра, што може слободно да се каже дека историски е најголемата исплата кон еден извршител од страна на која било државна институција.

Претходно, Агенцијата за млади и спорт минатата есен за еден ден му исплати 50 милиони денари на сметката на извршителот Дашмир Саити од Тетово, а 22,13 милиони денари од оваа сума се за казнени камати. Од Агенцијата за млади и спорт потврдуваат дека е реализирано ова извршно решение и дека се работи за загубен судски спор, но поконкретно не соопштија кој е тужителот и која е причината за долгот, нита пак од кога датира. 

Подоцна прозилезе дека станува збор за спор околу недоизградената спортска сала во кампусот на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Изведувачот ја добил Агенцијата на суд и за тоа наплати 810 илјади евра. Подоцна од случајот се очекуваше разврска на Врховен суд. 

Според податоците од Министерството за правда, во текот на ланската година извршителите наплатиле вкупно 580.095.121 денари, или нешто помалку од 10 милиони евра, кога државата била тужена. Тоа е нешто повеќе од 7 отсто од сумата на севкупно наплатените извршни решенија во земјата во 2020.

А.К.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември