16 Март, 2025
0.0519

Известувањата на Фактор во случајот Телеком се засновани на информации кои се дел од јавна постапка

Објавено во: Економија 14 Февруари, 2025 12:03

Добивај вести на Viber

Редакцијата на „Фактор“ следи теми од јавен интерес и нив ги презентира пред своите читатели на професионален начин и базирано на информации кои се јавно достапни. Имајќи ја предвид објективноста, на 10.02.2025 година објавивме во целост реакција на текст објавен на 03.02.3035 година под наслов: „Извештајот на Судскиот совет за начинот на кој било судено во случајот на Телеком во завршна фаза – на јавна седница ќе се разгледуваат предлог-мерките“ и на текстот од 07.02.2025 година под наслов „Обвинителството работи на истрагата за случајот на Телеком, на потег се судиите од Судскиот совет“.

Сите податоци што се дел од споменатите текстови поврзани со оваа тема се јавни, односно се дел од постапка која се води пред Судскиот совет на РСМ, која беше јавна. Се работи за седницата на Судскиот совет со реден број 497, одржана на 05.09.2024 година и таа е јавно објавена и може да се проследи на Јутјуб каналот на МИА преку следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=UvO3Rp9aZv0. На снимката од наведената седница се споменуваат и други околности околу овој случај, помеѓу кои и споменатите наводи за постоење на два судски записници.

Освен тоа што постапка што се водеше пред Судскиот совет е јавна, сите документи и записници од неа се објавени и достапни на веб-страницата на Судскиот совет (линк). Во нив, покрај другото се објавен и идентитетот на опфатените лица во овој предмет.

Во заклучокот на извештајот од седницата на Судскиот совет со реден број 497 кој е јавен (со наслов: ИЗВЕШТАЈ ЗА КОНСТАТИРАНА СОСТОЈБА ПО ПРЕДМЕТОТ НА А.С.С. ТСЖ) меѓу другото стои: 

Во конкретниот случај постојат неколку отворени прашања и различни изјави на судиите за суштински прашања и тоа:

1. Предметот согласно годишниот распоред требало да биде рефериран во советот со кој претседава судијата М.Д.Г. Предметот е рефериран на 05.06.2024 година, а судијата М.Д.Г. била на боледување до 06.06.2024 година.

2. Судиите Ј.А.Б. и судијата Н.С.Д. даваат различни изјави во врска со тоа како гласала судија Ј.А.Б. на 04.07.2024 година, односно дали истата не се произнела како што тврди таа или гласала за одлуката така како што е донесена.

3. Кога за прв пат судијата Ј.А.Б.кажала дека го менува своето мислење, дали при потпишување на записникот на 11.07.2024 година или на 17.07.2017 година.

4. Дали е креиран записник на 11.07.2024 година во канцеларијата на судијата Н.С.Д. од страна на истиот судија, со издвоено мислење на судијата Ј.А.Б. да се потврди првостепената пресуда.

5. Не е јасно зошто во папката со списите на предметот ТСЖ.бр. е споена вонсудска спогодба склучена помеѓу Друштво за К.У. М.О.Л. ДООЕЛ Скопје и М.Т. АД Скопје со назнака „доверливо“ заведена во М.Т. АД за e.к. Скопје под бр., која не е изведена како доказ во текот на постапката. Ова од причина што се работи за доверлив документ кој не е изведен во текот напостапката како доказ, Комисија заради заштита на тајноста на податоците него го затвори во посебен плик.

6. Имајќи ги предвид сите погоре наведени прашања и фактот дека за да се даде одговор на некои од нив е потребна детална истрага која е надвор од ингеренциите на Судскиот совет, работната група смета дека овој извештај треба да биде проследен до ОЈО С.“

Бидејќи овие документи се јавни, секој медиум има право да ги презема и да ги смета за релевантен официјален извор.

Инаку „Фактор“ веќе објави дека Основното јавно обвинителство работи на истрагата за предметот во кој Апелација ја преиначи одлуката на првостепениот суд и пресуди „Телеком“ да плати оштета на фирмата „Фокус нет“.

„Проверките се во тек, прибавен е дел од документацијата и се анализира. Се прибавуваат и вербални искази“, велат од ОЈО.

Истрагата во ОЈО за предметот почна откако вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски го испрати предметот за натамошно разгледување. Државата има удел од 35 отсто во Телеком, па одлуката на Апелација ќе има и буџетски импликации. Се очекува РСС да закаже јавна седница на која ќе се расправа за евентуални мерки за начинот на постапување во овој предмет.

Можеби ќе ве интересира

АЛБАНИЈА ЗАБРЗАНО СЕ РАЗВИВА: Дали македонските граѓани одат таму на печалба?

АЛБАНИЈА ЗАБРЗАНО СЕ РАЗВИВА: Дали македонските граѓани одат таму на печалба?

ДОНЕРОТ ЌЕ ЧИНИ „САМО“ 12 ЕВРА, КИРИЈА ЗА ЗАЕДНИЧКА СТУДЕНТСКА СОБА 800 ЕВРА: Енормно поскапување во Германија

ДОНЕРОТ ЌЕ ЧИНИ „САМО“ 12 ЕВРА, КИРИЈА ЗА ЗАЕДНИЧКА СТУДЕНТСКА СОБА 800 ЕВРА: Енормно поскапување во Германија

ГОЛЕМИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА АЛКОХОЛ СМИСЛУВААТ АЛТЕРНАТИВИ: Построги правила за царините на Трамп

ГОЛЕМИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА АЛКОХОЛ СМИСЛУВААТ АЛТЕРНАТИВИ: Построги правила за царините на Трамп

И ТЕСЛА СЕ ПЛАШИ ОД ЦАРИНИТЕ: САД внимателно да ја разгледаат својата трговска политика

И ТЕСЛА СЕ ПЛАШИ ОД ЦАРИНИТЕ: САД внимателно да ја разгледаат својата трговска политика

УНИШТЕНИ ДЕСЕТИНА КИЛОГРАМИ НЕБЕЗБЕДНА ХРАНА! Еве што велат од АХВ

УНИШТЕНИ ДЕСЕТИНА КИЛОГРАМИ НЕБЕЗБЕДНА ХРАНА! Еве што велат од АХВ

ПРОПАДНА БАНКА ВО ГЕРМАНИЈА: Засегнати илјадници клиенти, што ќе биде со нивните пари?

ПРОПАДНА БАНКА ВО ГЕРМАНИЈА: Засегнати илјадници клиенти, што ќе биде со нивните пари?

НАЈДОА НАЧИН КАКО ДА ГИ ЗАОБИКОЛУВААТ САНКЦИИТЕ: Русите користат криптовалути во трговијата со Кина и Индија

НАЈДОА НАЧИН КАКО ДА ГИ ЗАОБИКОЛУВААТ САНКЦИИТЕ: Русите користат криптовалути во трговијата со Кина и Индија

Претседателот на Стопанска комора Бранко Азески на средба со претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски

Претседателот на Стопанска комора Бранко Азески на средба со претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски

НОВИ ШОКОВИ: Расте цената на златото, прогнозираната граница е достигната

НОВИ ШОКОВИ: Расте цената на златото, прогнозираната граница е достигната